Глобално: Онлајн дијалог за технологија за транспарентност

Иницијативата „Технологија за транспарентност“, заедно со „Нови тактики во човековите права“ ве покануваат да се приклучите на онлајн дискусијата за „Користење на технологијата за поттикнување на транспарентноста“, која стартува денес и продолжува до 27 септември, 2011 година.

Постојат голем број на глобални движења од проектите за технологијата и дигиталните медиуми, кои служат за поттикнување на владината транспарентност, одговорност и јавно учество во политичките процеси. Откако документираа десетици случаи во целиот свет, Мрежата Технологија за транспарентност, која е проект на Рајсинг војсис, ги документираше овие проекти за транспарентност, со цел да стекнат подобро разбирање на нивното тековно влијание, пречки и иден потенцијал. Сега е време да се започне комуникацијата, со помош на одличната платформа „Нови тактики за човекови права“.

Image by whiteafrican on Flickr (under a Creative Commons Attribution 3.0 license).

Фотографија од whiteafrican на Фликр (со лиценца Криејтив комонс 3.0).

Оваа недела покануваме 11 експерти од целиот свет, од различни проекти кои промовираат отвореност, соработка и транспарентност, за да ги одговорат вашите прашања, да коментираат на интересни теми и да ја дискутираат иднината на технологијата за промовирање на транспарентноста.

Џоин Елизабет Волф од Ciudadano Inteligente (Паметен граѓанин), Чиле; Сузан Вила и Јорге Сото од Citivox, Мексико; Мајк Линксвајер од Криејтив комонс; Џонатан Греј од Фондацијата Отворено знаење, Велика Британија; Диего Касес од Елеитор 2010, Бразил; Камила Бустаманте од Датерос, Перу; Улрих Мулер од Германија; Маја Индира Ганес од Заедницата Тактичка технологија; Џон (Кип) Кипчумба од ИнфоНет, Кенија; Амр Гарбеја, менаџер на програмата за технологија и слобода програмски на Египетската иницијатива за лични права; и Менди ЊоЊо , менаџер на фондот за Африканската иницијатива за технолигија и транспарентност во Кенија.

Дијалогот е можност да се споделат овие истражувања и инструменти со онлајн заедницата на Нови тактики, да се учи од искуството на практикантите кои ги спроведуваат овие проекти, и да се дискутираат новите идеи, предизвици, ризици и можности. Приклучете ни се онлајн од 21 – 27 септември за да ги споделите вашите приказни, идеи и ресурси.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.