Ирак: Сеќавање на Мајкл Џексон

Имаше коментари во ирачките блогови за Мајкл Џексон. Но, прво…

Ако не сте прочитале ниту еден блог оваа недела прочитајте го овој:

Малку касни со објавувањето, но е важно за читање. Sunshine studies за нејзините испити за време на јуначките постојани експлозии, пукање и недостиг на струја. Таа пишува:

Сакам пукањата и експлозиите да престанат и би било чудо ако можеме да имаме струја почесто, ќе бидам најсреќна на целиот свет, очите ме болат кога останувам до доцна навечер учејќи со светлост на факел, не можам да учам повеќе од два часа со слабо светло! Понекогаш се прашувам дали премногу барам???!!

Мајкл Џексон

Narcicys, рап музичар од Ирак, ги резимираше своите чувства преку насловите од М.Џ.

Бори се до крај, но јас сум само човек. Ти го изведуваш движењето по месечината, додека ние остануваме да живееме во црно и бело. Ти не натера сите да зјапаме во Човекот во огледалото и да најдеме начин да го излечиме светот. Не постоеше начин на кој не бевме доволно ЛОШИ, дури и мирниот криминал знаеше дека не е доволно опасен. Ние сме светот, но светот на музиката никогаш нема да биде ист без тебе. Се извинуваме за тоа што те казнивме, светот е заебано место. Рокенрол брату мој.

Ми недостигаш човеку.

Лејла Енвар оддаде почит пишувајќи: „Ако не беше Мајкл Џексон, глупавата, расистичка MTV немаше да допушти црн човек. М. Џексон беше првиот црн човек кој се појави на MTV со неговиот Billie Jean, создавајќи услови за следните црни изведувачи… “ и не потсетува да задржиме некоја перспектива од вестите:

Додека целиот свет тагува по поп-иконата М.Џексон, чијшто Thriller беше судбоносниот момент во неговата кариера, има друга серија од трилери кои заземаат место во Багдад и кои ќе одбележат друг судбоносен момент во новата крвава историја на оваа осудена држава.
Во текот на само 4 дена, преку 350 Ирачани беа убиени. И мнозинство од други повредени…

Веќе видов зомбија и духови кои стануваат од гробовите исто како во спотот на Thriller на М. Џексон, само што овој трилер во Ирак не е поп-видео и нема никој да им оддаде почит и да тагува.

И Attawie не потсетува на нејзините омилени стихови од Џексон:

Heal The World
Make It A Better Place
For You And For Me
And The Entire Human Race
There Are People Dying
If You Care Enough
For The Living
Make A Better Place
For You And For Me

Можеби светот ќе престане да зборува за тоа дали тој бил бел или црн, добар или лош, муслиман или не.

Тоа е се засега и … Ајде да го излечиме светот!

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.