Што може снегот да ни каже за локалните политики во Русија ?

Image edited by Kevin Rothrock.

Фотографија уредена од Кевин Ротрок.

Локалните политики во Санкт Петербург може да не соодветствуваат на вашите очекувања за еден руски град. Во земја озогласена по нејзиното срамно граѓанско општество и опресивната состојба, граѓаните на Санкт Петербург имаат навика да ги предизвикуваат властите на мали, но значајни начини. Ноември минатата година, тим на еколози користеа ГПС тракери да ги откријат загадените водоводи, откривајќи реки од непречистени отпадни води кои се излеваат во заливот Нева.

Овој месец, еден новинар, Павел Смолјак, започна јавна кампања против локалниот заменик-градоначалник, Игор Албин, обвинувајќи го за неуспешно менаџирање со расчистувањето на снегот во градот за време на новогодишните празници.

Направете го тоа самите
Невољите за Албин, кој неодамна си го промени презимето од Слунјајев за да ги поврати неговите по „мелодични“ корени, започнаа со Фејсбук пост на 9 јануари, каде Смолјак опиша како поминал една вечер гледајќи низ прозорецот, залудно чекајќи го Албин и градските екипи да го ослободат од снегот. Сторијата можеби ќе замреше тука, но Албин си зема за слобода да возврати на постот на Смолјаков, пишувајќи остро:

Павел, а может вместо прослушивания очередного сериала и ожиданий манны небесной стоило пригласить друзей, взять лопаты и навести порядок хотя бы в своем дворе? Это и для здоровья полезно ,и мысли в порядок приводит… Труд облагораживает человека. Равнодушие и иждивенчество убивают и отдельную личность и целые государства. […]

Павел, можеби наместо прекумерно гледање на уште една ТВ серија и чекајќи амин од горе, требало да викнеш неколку пријатели, да грабнете неколку лопати, и да почнете со расчистување [на снегот], барем во вашите дворови? Тоа е добро за твоето здравје, и ќе ти помогне подобро да размислуваш… Физичката работа го прави човекот посилен. Индиферентност и зависност можат да убијам поедини личности, но и цели нации. […]

Против-ударот на Албин инспирираше дузина други одговори, повеќето од кои ја критикуваа неговата неподготвеност да ги смета за одговорни државните службеници за нивниот очигледен неуспех да го отстранат снегот од улиците за време на празниците. „Брилијантна идеја!“ напиша Михаил Шевчух саркастично. „А доколку има пожар, не мора да се јавувате на против-пожарната единица“, Шевчух додаде, „викнете ги вашите пријатели да донесат кофи и почнете да истурате вода“.

Јавната реакција
Еден ден откако налути многумина со неговиот совет „грабнете лопата“, Албин повторно напиша на Фејсбук, обидувајќи се да ја смири ситуацијата, велејќи дека тој бил „изненаден од тоа колкав метеж може да направи една приватна конверзација во медиумите“.

На 13 јануари, членот на градскиот совет Борис Вишневски, исто така, се пожали на Фејсбук за менаџирањето на Албин со отстранувањето на снегот во Санкт Петерсбург, велејќи дека екипите за расчистување доаѓаат многу доцна во денот, ако воопшто дојдат. „Внуците на мојот помошник“,  пишува Вишневски, „задоцнија во градинка и го пропуштија појадокот“.

Олег Нилов, друг член на советот, се обидува да профитира на несреќите на Албин, предизвикувајќи го на „Предизвик со лопата за снег“, во духот на феноменот „Ice Bucket“, предизвикувајќи го заменик-градоначалникот самиот да излезе на улиците и да помогне во расчистување на снегот каде што има потреба (или да плати 4.000 рубљи во локалните добротворни цели).

Некои граѓани повикуваат на отпуштање на Албин. Всушност, петиција на Change.org, во која се бара замена на Албин, привлече повеќе од 5.000 потписи за околу 24 часа. Тој документ го обвинува Албин за „бесрамно непочитување на граѓаните“, и опишува прекршен општествен договор:

Мы считаем, что Игорь Албин, проявил вопиющее неуважение к жителям города, которые не только оплачивают уборку улиц и благоустройство города, но и платят из своих же карманов зарплату самому Албину. Мы не готовы и далее продолжать платить зарплату этому работнику по причине не только серьезных сомнений в его профессиональных компетенциях, но и неуважения проявленного в отношении реальных работодателей Албина.

Ние сметаме дека Игор Албин бесрамно покажа непочитување кон граѓаните, кои не само што плаќаат за чистење на градот и негово разубавување, но исто така плаќаат од нивните џебови за платата на г-динот Албин. Ние не сме подготвени да продолжиме да ја плаќаме платата на овој [државно] вработен не само поради сериозните сомнежи за неговата професионална компетенција, но и поради неговото непочитување кон неговите вистински работодавци [даночните обврзници во Санкт Петерсбург].

Во меѓувреме, на друго место
За контраст, во Ингушетиа, каде одговорниот за републиката, Јунус-бек Јевкуров, неодамна посети еден град и отпушти двајца директори од локалната власт поради неуспешно расчистување на улиците од снегот. Јевкуров направи претстава од сето тоа, објавувајќи ги отпуштањата со остри пораки на Твитер:

Вчера поминав низ Магас. Сакав да видам колку сработиле градските служби. Се чини, воопшто.

Градските екипи за расчистување на снегот се на зимски одмор. Ги отпуштив локалните директори на комуналните претпријатија. Нека се одморат уште малку!!!

Одговорот на Јевкуров за проблемот со отстранувањето на снегот беше традиционален: изрежиран трик за публицитет, каталогизиран во медиумите, промовирајќи ја неговата репутација како грижлив извршен директор кој ги брка несовесните бирократи. Краткорочно, граѓаните на Магас веројатно можат да очекуваат побезбедни улици, додека Јевкуров не го сврти вниманието на друго место, и снегот повторно не почне да се трупа.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.