Хаити: Политиката за обнова

Последното нешто што му треба на Хаити, соочувајќи се со монументалната задача за возобновување од земјотесот кој го разурна Порт-о-Пренс и околината на  12 јануари, е недостаток на  добра власт. Сепак некои членови на хаиќанската блогосфера се повеќе од охрабрени што се однесува за напорите за обнова од земјотресот од 2010.

Tвитер, уште откако се објави болната вест, се покажа како најбрз начин за пренесување на мислењата: Mузичарот и хотелиер Ричард Морс, кој постојано објавува на Твитер како RAMhaiti, продолжува тивко и искрено со неговото:

Што се случи со парите од пред 6 години по уништувањето. Голема црна дупка. Посетете ги Гонаивите ако не ми верувате. Ни требаат нови луѓе, СЕГА

Несомнено, беше пред шест години во септември 2004: Околу 3,000 лица загинаа кога  Tропската бура Џин (Jeanne) го истури својот бес на североисточниот крај од островот, предизвикувајќи уништувачки поплави  и лизгања на земјиштето на Гонаивите. Ужасот се повтори во септември 2008, благодарение на очигледно бескрајното надоаѓање на бури кои ја погодија веќе опседнатата земја.

Процесот на обнова се комплицира откако се  вмеша и политичката клима на Хаити. Според Морс, има малку надеж дека парите за помош ќе стигнат во рацете на  оние кои ќе ги употребат правилно:

Дали некој чул за ревизија??? Историски, фондовите за обнова не одат таму каде што треба. Во што е разликата овој пат??

Тој објаснува во последниот пост:

Бившиот премиер на Хаити побара ревизија и таа беше отфрлена. Тимот којшто е сега, се плаши од ревизија.

Тој мисли на  Мишел Пјер-Луи, којашто, откако претседателот Рене Превал ја номинираше за нејзиното место во јуни 2008, се соочи со тешка битка за докажување во парламентот на земјата. Таа можеби ќе се докажеше, но издржа само една година на местото, предизвикувајќи некои блогери да се запрашаат за околностите за нејзиното отпуштање. Но тоа не беше единствениот контроверзен настан на политичката арена во земјата: Фанми Лавалас, партијата на симнатиот бивш претседател Жан Бертран Аристид, која се уште ужива пристојна популарна поддршка во Хаити, беше попречена во учеството на следните избори во државата, кои беа закажани на крајот од февруари, годинава.

Морс продолжува:

ДОСТА СО СТАРИТЕ; САКАМЕ НОВИ. Да чуеме што сакаат кандидатите. Да чуеме што сака НАРОДОТ. Никој не го сака сегашното СТАУС КВО

Хаити падна на  168 место од 180 земји според рангирањето на Транспаренси Интернешнал за индексот за перцепција на корупцијата за 2009. Морс  бесрамно пишува за 2009 како “ГОДИНА НА ИЗМАМАТА” во Хаити, додавајќи уште еден пост на Твитер:

Не е обнова ако се вмешани во ИЗМАМИ и КОРУПЦИЈА. Ги видовте ли оние ланските избори? Меѓунар. Комит. 100% одобрува @ZOEmagazine

Тој исто така одговара на  @ZOEмагазин прилично иронично:

Ако Хаити е дел од системот за ревизија на Меѓународниот комитет, зошто никој не не во ЗАТВОР? @ZOEмагазин

…но внимателно ги објаснува своите изјави:

ОН стана дел од проблемот. Никогаш не кажа нешто за исчезнувањето на ПОМОШТА и ги одобри лажираните избори. @Dohnanyi

Moрс не е единствениот блогер од Хаити кој зборува за претпоставената корупција на Твитер. thehaitian ја поставува практиката во контекст на неговиот пост:

Не може да се очекува надплатената или неплатената работа на владата да не биде корумпирана. Здравствените работници и наставниците со години  не се платени.#haiti

Сепак, тој признава дека работата на владата остава нешто посакувано:

Брзо. Кој и верува на владата на Хаити дека ќе изгради барем една владина зграда? Чесно прашање.#хаити

RAMhaiti изгледа дека се согласува, споделувајќи малку од неговото искуство:

Луѓето ме посетуваат.Загрижени се како ќе биде распределена помошта на Хаити. Многу се загрижени за локалните жители кои се одговорни.

thehaitian моли за транспарентност на начинот на кој се распределуваат парите од помошта:

Треба да знам каде ќе одат сите тие пари. Навистина. Работата ли е да се вратиме таму кај што бевме? Тоа е лоша идеја.#haiti

…и сугерира дека:

Секоја пара која оди за владата на Хаити треба да се потроши за да се изгради од темел до кров даночната служба и за реформи на сопственичките права#haiti

Доволно интересно, Њу Американ Медиа (New American Media) направи анкета на хаиќанската дијаспора во САД и еден од поголемите резултати покажува дека:

Се чини дека Хаиќаните во САД ја изгубија довербата во сегашната влада на Хаити и справувањето со последиците од земјотресот.Три петини од анкетираните се согласиле дека владата, практично исчезнала по земјотресот, а 63 проценти не ја одобруваат реакцијата на претседателот Рене Превал и на владата за земјотесот. Загриженоста за способноста за справување со кризата на владата на Хаити е толку силна што поголемиот дел од Хаиќаните во САД сметаат дека официјални лица од Обединетите нации и меѓународната заедница треба да владеат со Хаити “се додека целосно се обнови од катастрофата.” Анкетата открива и дека Хаќаните не се загрижени за големото американското воено присуство во нивната држава.

Други нетизени исто така  ги ставаат нивните “безвредни”објави на Твитер, со критички придонес на дискурсот кој доаѓа од melindayiti:

Треба да имаме глас во планот за Хаити и уште поважно, нашите ХАИЌАНСКИ партнери треба да се оние кои го креираат планот за  #Хаити

Најпосле, meandering објави линк на неговиот блог кон Бизнис порталот на Хаити и сугерира дека и меѓународната заедница има главна улога:

Од 1 до 3 милијарди долари се на пат кон Хаити: можеби толпата ЌЕ обрати внимание или пак ќе си ги купат обновата, ослободувањето и реконструкцијата однадвор? Со ризик да бидам политички некоректен, можеби меѓународната заедница ќе смета на зборовите на силниот човек од Руанда, Пол Кагаме: “TРГОВИЈА не ПОМОШ”.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.