Пакистан: Карачи повторно нападнат

Згради во Карачи. Фотографија на Kashiff. Користена под Криејтив комонс лиценца

Згради во Карачи. Фотографија на Kashiff. Користена под Криејтив комонс лиценца

На 5-ти февруари 2010, две експлозии на самоубијци одекнаа во главниот град Карачи, оставајќи зад себе петнаесет загинати и седумдесет ранети лица. Првиот напад беше воглавно насочен против шиитските аџии кои патуваа за да се придружат кон верската процесија за прославување на светиот месец Мухарам. Втората експлозија се случи пред влезот на првата помош во болницата Џинах каде што се носеа ранетите од првата екслозија. Нападите се случија 40 дена после бомбардирањето во Ашура каде загинаа повеќе од 40 лица. За жал, не прв пат во Карачи се случува насилство не само со етнички, но и со секташки карактер.

На мојот блог се потсетив и го осудив враќањето на насилството во Карачи:

Последиците од понеделничките експлозии – распространетите немири и пожари – се карактеристична реакција и вандализам кои следат после секташки напади. Набрзо после експлозијата, во разни делови на градот пламнаа немири. Се чини дека во тие моменти, силите за безбедност немаа апсолутно никаква контрола на штетите што се нанесуваа во тој момент. Како резултат на тоа, стотици продавници беа запалени, така што доцна во понеделникот навечер, се чинеше дека целата трговска област е во голема опасност. Нападите од ваков вид се речиси секогаш придружени со бурни тензии. И како што немирите продолжуваа, се појавуваа се повеќе и повеќе прашања за улогата на силите за безбедност и нивното отсуство, се додека бурниот вандализам продолжуваше. Стана очевидно дека целта на овој напад не беше само една конкретна секта, туку беше напад со цел да се тероризираат и да се доведат до судир луѓето во Карачи, наштетувајќи му со тоа на економскиот столб на земјата.

Калсум Лакани од CHUP – Менувајќи го Пакистан (Changing Up Pakistan) остро ја осуди серијата на напади на шиитските муслимани и ги испитува јавниот ред и мир во земјата:

Можно е дека не сме сосема сигурни кој е одговорен за денешните напади, но сепак е застрашувачко што може да се случи. Доколку вчера, во трите градови се воведеше вонредна состојба од највисок степен, нели ќе можеше да се стори нешто повеќе за да се избегнат денешните жртви? Одбирањето на шиитските аџии како и болницата за цели на нападот не е само трагично, туку искрено речено морничаво. Никаде ли веќе во Пакистан не е безбедно и негибнато?

Во една поранешна статија на блогот, Калсум дава увид во историјата на насилството во Карачи. Согласно со весникот „Зора“ преку 34 луѓе го изгубија животот во етнички насилства во разни делови на градот во Април минатата година. Сиот народ е ужаснат од големиот степен на насилство и од немоќта на власта да воспостави контрола.

Уште една блогерка, Фархин Али, во статијата со наслов „Несмален бран на насочени убиства во Карачи“ ја споделува својата загриженост за влошената состојба во градот и за „парализираноста“ на власта.

Како последица на насилството, владата го активира законот „Сектор 144“ (закон од криминалната процедура на Пакистан, кој привремено забранува собирање на повеќе од пет луѓе, одржување на јавни средби и поседување на оружје и може да трае до два месеца) во густонаселениот град Оранџи. И сега кога Владата го воведе присилниот законот се чувствува ослободена од било каква одговорност и вина.

Адил Наџам на All Things Pakistan бара Карачи да стане зона без оружје:

И покрај тоа што насилство од секаков вид расте неконтролирано низ целата земја и иако веднаш после скорешното насилство, политичари од сите партии повикуваат Карачи да биде прогласен за зона без оружје (и со право!), се испоставува дека политичарите и парламентарците од сите партии се зафатени со поделување на дозволи за секаков вид забрането оружје небаре се детски лижавчиња.

Имајќи ги во предвид неодамнешните немири во Карачи, Владата треба да превземе итни мерки за да го прекине насилството. И покрај тоа, како што не информираат вестите, надлежните органи се повеќе зафатени со решавање на внатрешните конфликти, одошто да се посветат на суштинските прашања.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.