Судан: Фотографии од референдумот во Јужен Судан

Во Јужен Судан, од 9 до 15 јануари 2011 година, се одржува рефердум за да се реши дали југот треба да остане дел од Судан или да биде независна држава. Овие фотографии го документираат значајниот референдум во Јужен Судан.

Погледни го мојот прст:

Жена во Јужен Судан го покажува нејзиниот прст обележан со мастило по гласањето. Фотографијата е дело на Сулејман Абдулахи (http://upiu.com/)

Долгиот пат до местото за гласање:

Долгиот пат до местото за гласање. Фотографијата е дело на Алун МекДоналд

Ново знаме на Јужен Судан. Значење на боите: црна – луѓето од Јужен Судан, црвена – крвта пролеана за слободата, зелена – земјата, сина – водите на реката Нил, златна ѕвезда – единство на државите од Јужен Судан.

Новото знаме на Јужен Судан. Фотографијата е дело на Жулио Петрока.

Долгото чекање за слобода:

Гласачите смирено стоеја во ред со часови. Фотографијата е дело на Интернационалниот Спасувачки Комитет

Изгледа, телевизијата од Јужен Судан не знае да спелува арапски:

Телевизијата од Јужен Судан незнае соодветно да спелува арапски: صويت наместо صوت . Сликата е дело на Sate3

Како се обележува гласачкото ливче:

Како се обележува избирачкото ливче на референдумот

Чекање да се гласа за слобода:

Жителите на Јужен Судан чекаат да гласаат за слобода. Фотографијата е дело на Давид Мекензи

Гласачките ливчиња:

Гласачко ливче што жителите од Јужен Судан го користат за да гласаат. Фотографијата е дело на Усамах

Ќе донесеш ли стол за мене?:

Редицата беше многу долга. Луѓето си носеа столчиња. Фотографијата е дело на Интернационалниот Спасувачки Комитет

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.