Египет: Графити на ѕидовите на претседателската палата

Изгледа револуционерниот дух во Египет е поттикнат благодарениe на моќта на претседателот Мохамед Морси односно скорешната одлука која му донесе големи овластувања. Оваа одлука предизвика протести на национално ниво од кои најзначајно е протестирањето „поставено“ околу претседателската палата.

Фотографот Џонатан Рашад, кој активно ја користеше камерата за да ги документира настаните уште од почетокот на египетската револуција, ги сподели следните фотографии од графити кои ја раскажуваат приказната на неговиот профил на Фликр.

Ова е изборот:

Графит-портрет од претседателот Морси како октопод кој плива во море од крв (CC BY-NC-SA 2.0)

„Замини, овцо“ обраќајќи се на претседателот Морси, осврнувајќи се кон однесувањето како стадо овци на муслиманското братство. (CC BY-NC-SA 2.0)

graffiti over Egypt presidential palace walls

„Оди си, идиоту“
„Незаконски“ (CC BY-NC-SA 2.0)

Depiction of military police, accused of committing grave human rights violations against protesters during transition period in Egypt

Приказ на воената полиција, обвинета за сериозни прекршувања на човекови права против демонстрантите за време на транзицијата во Египет (CC BY-NC-SA 2.0)

Овој собирен протест пред палатата беше нападнат на 5 декември, што резултираше со 6 мртви и многу повредени. Сведочењата за измачуваните демонстранти анти-Морси, кои паднаа во рацете на приврзаниците на Морси, подоцна започнаа на излегуваат на виделина. Биле изградени многу ѕидини околу палатата за да се спречи приближување на демонстрантите. Овие ѕидини исто така беа мета на графити уметниците.

'Your walls won't protect you from the revolutionaries'

„Твоите ѕидови нема да те заштитат од револуционерите“ (CC BY-NC-SA 2.0)

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.