Иран: Дали ќе им бидат пресечени рацете и на функционерите кои крадат?

Cartoonist Mana Neyestani shows Ali Khamenei, Iran's Leader, in the middle of a fight between Ahmadinejad and Larijani (Via Mardomak)

Карикатуристот Мана Нејестани го прикажува Али Каменеи, иранскиот лидер, во средина на борбата помеѓу Ахмадинејад и Ларијани (пренесено од Mardomak)

Махмуд Ахмадинеџад, претседателот на Иран, уште еднаш го докажа својот талент во појавувањето на насловните страници со изненадувачки наслов, кога на 3ти февруари, 2013 година пушти видео во парламентот вмешувајќи ги своите ривали, некои од водечките службеници во државата, во корупциски скандал.

Обраќајќи му се на парламентот со цел да го одбрани својот министер за труд од јавното обвинение, Ахмадинеџад се впушти во напад, покажувајќи им на законодавците тајни снимки од Фазел Ларијани, братот на Aли Ларијани, претседател на парламентот и Садех Ларијани, шеф на судството, кое според него прикажува како целото семејство е вмешано во корупција.

Во видео записот кој го покажа Ахмадинеџад, Фазел Ларијани наводно му кажува на Саед Мортазави, поранешниот јавен обвинител на Техеран, дека ќе ги внесе своите браќа Али и Садех да станат дел од профитабилните тајни зделки во петрохемискиот сектор и други бизниси.

Видеа што ја откриваат вистината

Мортазави кој е виновен за приведувањето на многу луѓе, меѓу кои и новинари, беше и самиот приведен на 4ти февруари откако Ахмадинеџад го прикажа видеото, додека Ларијани се уште ги отфрла обвинувањата.

Изгледа дека дел од режимот препозна во Јујуб (кој е инаку забранет во Иран) благослов и анонимно го објави видеото од средбата на Фазел Ларијани и Мортазави. До сега, по приведувањето на Мортазави, на Јутјуб се објавени вкупно четири видеа.

Кој е г-дин З?

Корисници на Балатарин, популарна иранска веб-страница за споделување на линкови, се фокусираа на присуството на „бизнисменот“, Бабак Занјани, во видеата поврзани со корупцискиот скандал. Документите за санкции на ЕУ го опишуваат Занјани како „клучен олеснувач во зделките за нафта на Иран и трансферот на пари поврзани со нафта“. Неколку веб-страници го нарекоа г-дин З, но Базтаб, забранета веб-страница по потекло од Иран детално го опиша Бабак Занјани, со фотографии, како некој кој преку ноќ стана милијардер благодарение на „бизнисот со нафта“.

Правда за кого?

Faryad22 во својот блог пишува:

Садех Ларијани, шеф на судството, со години го практикуваше исламскиот шеријат и има наредено ампутирање на рацете и на нозете на многу млади мажи (поради кражба). Се што треба да направите е едноставно пребарување на Гугл за да го дознаете бројот на луѓе чии раце и нозе беа ампутирани. Дали Садех Ларијани ќе го казни својот брат на истиот начин? Дали неговите прсти ќе бидат ампутирани на стадионот Азади? Или пак исламот забранува казнување на луѓе кои крадат милијарди, а одобрува казнување само на ситни крадци?

Анадрбаб објави пет фотографии од браќата Ларијани и истите ги спореди со браќата Далтон, фиктивни негативни карактери од стриповите Таличниот Том. Блогерот го постави истото прашање

Дали Фазел Ларијани ќе биде казнет и неговите прсти ќе бидат ампутирани, или овие казни се соодветни само за ситни крадци?

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.