Кој пишува за ИКТ за развој на интернет?

Изминативе неколку месеци Global Voices беше ангажиран во пребарување и пишување на текстови на тема ИКТ за развој подржано од Беркман центар за интернет и општество на Харвард и канадскиот Меѓународен истражувачки центар за развој (IDRC). Предизвикот беше да се дознае што е се зборува за ИКТ за развој на глобалните блогови и граѓанските медиуми. Сакавме да видиме што се зборува надвор научните сали, од страна на практичарите со нивни сопствени зборови.

Ние ги собравме нашите наоди на специјална страна за покривање на иднината на ИКТ за развој.

Па што е кажано?

По неколку месеци на интензивна анализа и пишување за тоа како ИКТ за развој е покриен низ интернетот, еве неколку мисли за онлајн достапноста на информации за ИКТ за развој – од академски изданија, разговори, коментари и рефлексијата на граѓанските медиуми за тоа што функционира, за тоа што е тешко и за тоа што вреди да се сподели.

Поминаа шест години откако IDRC и Харвард го одржаа нивниот прв форум за ИКТ и за сиромаштијата. Од тогаш постојат многу нули и единици растурени околу практиката и за стипендиите за ИКТ на интернет. Голем дел од ова доаѓа во форма на научни трудови, книги и презентации произведени од страна на научници или практичари поврзани со институции и непрофитни организации.

Тоа е, сепак, релативно потешко да се најдат содржини од блогови и граѓански медиуми од поединци и оние кои доживеале бенефициите, а понекогаш и предизвиците на интернет-технологии во контекст на развојот на светот. Додека има расфрлани дискусии и коментари, непрекинато, дијалог одржан во заедницата не е лесно да се најде. Ова можеби не е изненадувачки, со оглед на честопати сложената и техничката природа на ова поле.

Станица за полнење телефони во Уганда, 2008 година, направена од Кен Банкс - kiwanja.net

Станица за полнење телефони во Уганда, 2008 година, направена од Кен Банкс – kiwanja.net

Имаше огромно подобрување на интернет пристапот и експлозивниот раст на мобилни телефони во светот во развој, како што Метју Смит опишува во својот есеј за последната конференција на IDRC / Харвард, насловен Комуникација и човеков развој: Слобода на врската? во септември 2009 година.

Како и да е, истражувањето на Global Voices (предводено од Апарна Реј и Џон Либхарт) наиде на двосмислени докази за онлајн дискусија на овие теми кои ги надминуваат добро познатите анегдоти од рибарот со мобилен телефон. Тие дискусии сигурно постојат, ако ги нема онлајн; како на пример, Мантан наградите во Јужна Африка, ни даваат поглед во заедниците на практичар на ова поле и фокус на нивната работа.

Во принцип, ние гледаме дека постојат неколку категории на луѓе кои пишуваат онлајн за ИКТ за развој:

  1. Луѓе кои ја разбираат и потребата за основен развој и се умешни во областа на ИКТ. Многу мал процент од оние кои пишуваат на интернет спаѓаат во оваа категорија. Овие луѓе имаат способност да развиваат алатки/техники, да зборуваат на јазикот на ИКТ за развој и се способни да добијат изложување за нивните проекти.
  2. Академци кои се заинтересирани за полето. Тие се способни да развијат концепти во ИКТ за развој и најчесто да спроведуваат мали истражувачки проекти за да ја докажат/или ја поништат нивната теза, градат концепти и прават предвидувања. Има многу енергија тука – можеби затоа што ние видовме толку многу научни трудови во нашето веб пребарување. Овие луѓе ги истражуваат и ги предвидуваат трендовите, но често не се во контакт со обичните луѓе и ретко имплементираат проекти.
  3. Секој друг, или доаѓа од ИКТ заедницата и дизајнира алатки за развој/социјални проекти, или луѓе кои работат во секторот за развој кои имаат потреба од ИКТ решенија, но имаат мали/или немаат воопшто знаење за ИКТ. Овие две групи на луѓе обично не зборуваат на ист јазик.

Генерално, многу експерти за развој, изгледаат колебливи да научат технички вештини и јазици. Тие можат да сакаат ИКТ решенија, но постојат бројни пречки за ангажманот, вклучувајќи ги и стручноста, времето, ресурсите и организациската култура. Оттука експертите за ИКТ чувствуваат дека практичарите за развој ретко се јасни за корисни решенија.

Исто така, развивачите на ИКТ алатки можат да не ги вклучат заедниците во развој во потребата за анализа/развојната фаза, произведувајќи многу решенија, кои се од врвот надолу и кои се без корисничка поддршка.

Решенија и стратегии:

ИКТ за развој е енергична тема, но исто така и мошне сложена и со малку свест надвор од специјалистичките заедници. Нашите први месеци на истражување опфатија неколку од најдобрите постоечки пишувања на граѓанските медиуми. Следниот чекор би бил пополнување на празнините во покривањето и јазикот на кои наидовме. Неколку пристапи:

Продолжување на ангажманот: Многу повеќе може да биде напишано, со фокус на разјаснување за која публика е содржината.

Промовирање на сложени идеи: поголемиот дел од содржината во текстовите наGlobal Voices се вести за тие кои не се во ИКТ просторот; за ИКТ експертите, има малку да се понуди. Клучот е како се прикажани приказните. Стратегиите вклучуваат:

  • Водење интервјуа со експерти и практичари за да се поедностави јазикот и концептите за целна публика.
  • Пронаоѓање на заеднички јазик и платформи за дијалог меѓу луѓето во рурални области во развој и во технолошкиот развој на ИКТ.
  • Вклучувајќи писатели од различни перспективи и делови на светот.
  • Одбележувањето на работата на интересни ИКТ проекти.
  • Фокусирајќи се на корисничките искуства и нивното мислење

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.