Достоинство, храброст и лицемерие: Египќанец соголен од страна на полицијата

Хамада Сабер е името на Египќанецот кој беше тепан и соблечен гол од страна на полицијата, што може да се види на видеото кое стана вирално и беше прикажано дури и на Си-Ен-Ен (CNN). Инцидентот предизика шок и неверување и ја потресе нацијата. Интересно е тоа што многу луѓе преку социјалните медиуми почнаа да го споредуваат овој настан и реакциите на луѓето со екстремното сексуално малтретирање и силување на кое се изложени жените во Египет.

Првин, погледнете го видеото:

http://www.youtube.com/watch?v=WuYQj4-bu7A

Гада Елсајех на Твитер напиша:

بس الفرق بين حمادة إل اتسحل والبنات ال اتحرشو بهم واغتصابهم كبير لأن الناس تعاطفت مع حمادة الجبان ولم تهتم بالبنات الشجعان! محتاج علاج نفسي!

@Ghadaelsayeh: Разликата помеѓу Хамада, кој беше натепан, и девојките кои беа сексуално малтретирани и силувани е голема, бидејќи луѓето сочувствуваат со страшливецот Хамада, а не им обрнуваат внимание на храбрите девојки! [На нив] им треба психолошки третман.

Причината поради која некои луѓе Сабер го нарекуваат страшливец е неговата првична изјава за медиумите дека бил соблечен од демонстрантите, а не од безбедносните сили. По ова сведочење реакциите беа поделени: иако некои го нарекуваа страшливец, други сметаа дека тој бил под закана да ја сокрие вистината, како на пр. новинарот Раша Азб, кој твитна:

اوعوا تلوموا علي حمادة صابر .اوعوا تلوموا علي واحد قضي ليلة من الذل والخوف واحنا نايمين في بيوتنا.اوسخ حاجة انك تيجي ع الضحية..ارحموا الضعيف

@RashaPress: Не обвинувајте го Хамада Сабер, не обвинувајте некого кој поминал една ноќ во страв и понижување, додека ние сме спиеле во своите домови. Најлошо што можете да направите е да ја обвинувате жртвата … имајте милост кон слабите!

Друга интересна споредба е онаа помеѓу генерацијата на Сабер (тој е средовечен човек) и генерацијата на неговата ќерка. Таа зборуваше против она што татко ѝ првично го изјави, нарекувајќи ги неговите изјави „лаги“. Таа беше спомната во блогот The Arabist, каде го пишува следново:

Во најнереалниот дел од оваа тажна епизода, Хамада Сабер и неговата ќерка Ранда завршија со кавга за тоа што му се случи, на водечко телевизиско ток-шоу. Притоа, Хамада ја обвини Ранда дека земала пари од сателитските канали за да кажува лаги за него.

Ахмет Талаат додаде:

لسه الناس مش قادرة تصدق أن فيه فرق بين جيل حمادة و جيل بنته ! جيل حمادة لسه بيخاف من أمين الشرطة ! جيل بنته مابيخافش من رئيس الجمهورية ..

@AhmadTal3t: Луѓето сè уште не можат да веруваат дека постои разлика помеѓу генерацијата на Хамада и таа на ќерка му! Генерацијата на Хамада сè уште се плаши од полициски службеник! Генерацијата на неговата ќерка не се плаши од претседателот на републиката ..

Подоцна, откако ги слушна реакциите на своето семејство и египетскиот народ за неговите првични изјави, Сабер одлучи да го промени сведочењето. Тој се извини што ги обвинил демонстрантите, велејќи дека полициските службеници биле тие кои го нападнале и го соблекле гол. Тој исто така нагласи дека не добил никакви пари за она што првично го изјави.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.