Видео: Мобилни библиотеки

books by br1dotcom

книги од br1dotcom

Мобилните библиотеки стануваат честа појава во многу библиотеки, односно носењето книги до оние кои немаат пристап до библиотеките. Меѓутоа, во многу места поради лошите услови со патиштата или недостиг на финансии, традиционалниот систем од монтирање на автобус или камион како библиотека не е возможно да се имплементира. Поради ова, се појавија можности книгите да се донесат до заедниците со помош на библиотеки во коли, на магариња и мотори.

Преку блогот Bilingual Library може да добиеме слика за овие алтернативни мобилни библиотеки. Прво, да зборуваме за библиотеките на магариња. По се изгледа најчесто спомнуваниот пример е “biblioburro” од Колумбија, проект воден од учителот Луис Сориано, кој го товари своето магаре, се качува на него, носи расклоплива маса со знакот Biblioburro и се движи повеќе од 4 часа во еден правец за да им однесе книги на децата кои немаат пристап до нив. Тој им чита приказни, им помага со домашните задачи и им овозможува да уживаат во книгите кои ги немаат дома. Како што тој објаснува, преку книгите, децата можат да видат други места, други луѓе може да научат за нивните права, нивните задачи и обврски кон општеството и имајќи го ова знаење тие може да речат „не“ на насилството и војната.

Ова видео има одличен импакт на животот на Луис: откако видеото стана јавно достапно, добиени се многу донации и сега библиотеката која се реконструираше сега е завршена: има полици, табли и сега 250те деца од Ла Глорија може да ја посетуваат библиотеката преку недела. За време на викендите, Луис продолжува да го јава неговото магаре, носејќи ја библиотеката до оние кои живеат подалеку. Следува видео во кое г. Сориано им се заблагодарува на сите кои донирале и помогнале неговиот сон да се оствари:

По се изгледа библиотеките на магариња стануваат тренд. Во друг регион на Колумбија, Архуако Индијанците имаат корист од истиот систем како во планинската област Санта Марта. Блогот biblioburro ја раскажува нивната приказна преку фотографии. Во соседна Венецуела, користат мазги намести магариња и планираат да додадат проектори за филмови и интернет пристап, со цел да делуваат и на дигиталниот јаз, а не само на литературниот. Во Етиопија, како што покажува следново видео, граѓанинот Јоханес Гебрегиоргис се враќа во Етиопија од Америка за да води мобилна библиотека на магаре. Најголемиот предизвик е да се најдат книги на било кој од јазиците кои се говорат во Етиопија. Неговото решение? Тој напишал една од приказните кои ги слушаш додека бил дете на 3 различни јазици и работи на издавање нови книги.

Покрј магарињата и мазгите, во образовниот систем се вклучуваат и камилите. Бибилиотеката на камили во Кенија ги носи книгите до училиштата во регионот, со цел децата да научат да го сакат читањето, а исто така да достават книги и до номадските заедници. Каде што постојат луѓе кои се селат со годините времиња, библиотеките мора да се селат со нив. Во сиромашните земји, книгите се луксуз кој многу малку можат да си го дозволат. Овие мобилни библиотеки на камили им овозможуваат на претплатниците да земат книга на две недели, по кој временски период библиотеката се враќа и тие може да ја обноват книгата или да земат друга. Следува видео приказна за дете кое ја гледа библиотеката на камила како пристигнува, зима книга и потоа како го учи неговиот татко бројки од една од книгите која ја носи дома:

Следното видео е краток документарец на Руд Елмендорп за библиотеките на камили:

Во Перу, мобилната библиотека беше намалена и така се роди идејата за библиотека на мотор. Како дел од проектот Футура, библиотеката Обраје исто така носи книги до децата од други заедници, како дел од нивните културни и книжевни активности:

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.