Филипините признаа дека бездомници биле сместени во луксузно одмаралиште за време на посетата на Папата Францис

An illustration by the anonymous art collective Pixel Offensive shows Secretary Dinky Soliman, donning the yellow color of the ruling Liberal Party, whitewashing the walls to hide street children from the Pope.

Илустрација од анонимната уметничка група Pixel Offensive ја прикажува секретарката за социјална заштита Динки Солиман облечена во жолтата боја на владеачката Либерална партија  како ги варосува ѕидовите за да ги скрие уличните деца од Папата.

По повеќекратното негирање на гласините за преместувањето на бездомници од улиците на Манила поради посетата на Папата Францис, филипинскиот секретар за социјална заштита призна дека владата им обезбедила престој на повеќе од 100 сиромашни семејства.

Расплаканата секретарка на Одделот за социјална заштита и развој (DSWD), Динки Солиман, на состанок со Сенатот изјави дека нејзината агенција ги преместила во одморалиште во Батангас за да го расчисти булеварот Роксас, кој беше дел од траекторијата на поворката на Папата во Манила.

Одморалиштето Chateau Royale во Насугбу, Батангас се наоѓа 90 километри јужно од претежно католичкиот главен град. Агенцијата потрошила 97.600 долари за шест-дневниот „семеен камп“, кој наводно бил дел од борбата на владата предводена од Акино против сиромаштијата. Според агенцијата, целта на проектот била учесниците да се здобијат со вештини кои ќе им помогнат да најдат работа во иднина. 

Треба да се истакне дека Папата Францис, кој е популарен за неговата подршка за сиромашните, ја посети државата за да може лично да ги види реалните услови во кои живеат домородните и сиромашни Филипинци, особено по тајфунот Хаијан. Корисници на интернетот од Филипините ја исмејуваа секретарката на DSWD и администрацијата на претседателката Нојној Акино:

Драга Динки Солиман, да си го скриеше своето лице од  @Pontifex, а не лицето на бездомниците, многу повеќе ќе те сакавме.

Криењето на сиромашните од Папата Францис е чисто против сирмашните секретарката Динки Солиман #hypocrisy

— Robert Protacio (@sybillsantino) 23 јануари, 2015

А ти беше благословена од Папата Францис, Динки Солиман! Како не ти е срам!

Гледајте како Динки Солиман смета дека сиромашните луѓе се закана за безбедноста на Папата. Глупавава секретарка треба веднаш да даде отказ!

— Jude M. Mangilog (@judemangilog) 24 јануари, 2015

Дали Динки Солиман навистина мисли дека Папата не знае за фијаското со децата од улиците? Во оваа Ера на информациите никој не може да скрие ништо.

— eugenio isidro (@eugenio_isidro) 24 јануари, 2015

 Секретарке Динки Солиман зошто ги скри улучните деца кога тие беа токму тоа што го бараше Папата? Каков срам сме ние за интернациналната заедница.

Another Pixel Offensive meme shared on Facebook.

Уште една слика на Pixel Offensive споделена на Фејсбук.

Секретарката Солиман претходно ги негираше обвиненијата дека одделот ги собрал и скрил сиромашните за време на посетата на Папата. Таа инсистираше дека активностите на нејзината агенција случајно се совпаднале со посетата на Папата.

По признанието на Солиман, филипински законодавци започнаа истрага на инцидентот.

Сиромашните семејства беа вратени во Манила по заминувањето на Папата.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.