Кина: Актерот Кристијан Бејл физички нападнат обидувајќи се да го посети Чен Гуангченг

По осум часовното возење од Пекинг, каде го промовираше својот следен филм Цвеќињата на војната, британскиот актер Кристијан Бејл беше физички нападнат во четвртокот, 15 декември 2011 год., откако се обиде да го посети домот на уапсениот активист за човекови права Чен Гуангченг.

A screen capture of CNN's video of Bale being turned away.

Секвенца од видеото на СиЕнЕн кога Бејл е вратен назад.

Репортерите на СиЕнЕн биле со Бејл кога тој се обидел да влезе во селото на Чен и бил принуден да си оди од страна на стражарите, кои потоа со комбе ги следеле Бејл и неговото друштво повеќе од 40 минути. Шегите за Бетмен се шират од Сина Веибо на други интернет мрежи.

Во една колумна на Њујорк Тајмс од минатиот месец, почитуваниот кинески новинар Чен Мин предизвика голема контроверзија помеѓу кинеските активисти со своето мислење дека само мирна дипломатија би довела до намалено поттиснување во случаи како оној на Чен Гуангченг, дека губењето на „лицето“ на кинеската влада на интернационално ниво само ги прави властите понеспремни да се повлечат.

Ако елаборираната цензура и полициските мерки ги спречуваат кинеските граѓани да зборуваат во име на Чен и странците би требало да молчат за таквите случаи, тогаш дали луѓето се држат целосно изолирани, како што Чен Гуангченг мислел да ги остави за да можат да зборуваат сами за себе?

Christian Bale, image from Weibo

Кристијан Бејл, слика од Веибо

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.