Квиз: Дали постои ризик да станете терорист?

"I hope you realize that if they deploy the fried mozzarella cheese sticks, I'm switching teams." tweeted by Twitter user @LibyaLiberty

„Се надевам сфаќате дека доколку почнат да даваат пржени стапчиња со моцарела, ќе го променам тимот.“ твитнато од корисникот на Твитер @LibyaLiberty

Оваа недела „The Intercept“ објавија рејтинг систем кој владата на САД ги охрабрува социјалните работници, учителите и полицијата да го користат за да детектираат потенцијални терористи. 

Системот со рангирање „би требало да го сврти вниманието на државните службеници во САД кон индивидуи кај кои постои ризик да се свртат кон радикално насилство, и кон семејства или заедници кај кои постои ризик да инкубираат екстремистички идеологии“.

Системот е детално опишан во интерен владин документ од 36 страни до кој дошол овој дигитален весник, документ кој е составен од Националниот центар за контратероризам и претставува дел од поширока владина стратегија за борба против насилниот екстремизам, кој ги повикува локалните заедници и религиски лидери да соработуваат со полицијата и владините агенции.

Белата куќа во моментов е домаќин на меѓународниот 3 дневен Самит за борба против насилниот екстремизам на кој присуствуваат претставници од преку 60 држави. 

Со категории како „Изрази на безнадежност, бесцелност“, „Разговори за повредување на себеси или други“, и „Поврзување со групен идентитет (раса, националност, религија, етницитет)“, системот за рангирање бара од учителите, социјалните работници и полицајците да ги рангираат индивидуите од 1 до 5.

Додека го читавме овој документ во Глобај Војсис, не можевме да не се изнасмееме наглас поради редуктивниот пристап на анкетата. Одлучивме да направиме наш квиз базиран на симплистичките претпоставки на Националниот центар за контратероризам, со нивниот систем на рангирање. 

Пополнете го нашиот сатиричен квиз.



Овој квиз е направен од Taisa Sganzerla, Elizabeth Rivera, Amira Alhussaini и Sahar Habib Ghazi.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.