Видео: Земјотресот во Чиле низ очите на граѓаните

Сантијаго по земјотресот, фотографија од pviojo CC-By

Сантијаго по земјотресот, фотографија од pviojo CC-By

Како што одминува денот, се повеќе видеа се појавуваат од уништувачкиот земјотрес со интензитет од 8.8 степени, којшто го погоди Чиле во 3:30 наутро. Земјотресот, не само што го погоди континентот со поместувања на земјата, туку и предизвика цунами бранови кои го вклучија алармот низ Пацификот и многу држави се подготвија за удар од брановите на нивните брегови.

Некои видеа се снимени за време на самиот земјотрес, како што е ова аматерско видео, најдено на YouTube. Почнува со снимка на компјутерот во собата и како што се движи тлото, се слуша бучењето од земјотресот, потоа се гаснат светлата, гледаме темница и се слуша глас на жена и на маж, веројатно на тој што ја држи камерата, обидувајќи се да ја смири.

Следното е снимено од корисникот на YouTube, иконсенто (ikonsento) за време на еден од последователните удари:

Иконсенто (Ikonsento) го објави ова видео неколку минути по првиот земјотрес, покажувајќи ја неговата куќа како се руши: мебелот се лизга на подот и паѓа како сведок на силината на земјотресот:

Ова видео е снимено неколку минути по земјотресот, a во следното е прикажано како двајца мажи, штотуку пристигнати во Чиле го преживуваат земјотресот и решаваат да ја напуштат зградата и да останат малку надвор. Како што се вклучуваат светлата во нивната зграда, тие се враќаат назад во неа а станарите го преплавиле влезот; тие ја проценуваат штетата; искршени водоводни цевки и срушен бетон.

Како што се разденува, луѓето излегуваат на улиците и ја снимаат штетата што ја забележале:

Нетпрокс (Netprox)
возел по автопат и морал да премине преку урнат мост за да се пробие.

Рафал Виал, исто така, бил на улица и снимил паднат мост во Љаиљај (Llaillay),Чиле, видео кое е пренесено преку неговиот мобилен телефон на Qik.

Комуникациите во многу области во Чиле се прекинати и тешко е да се воспостави контакт со блиските и да се осигурат дали се добро. Овие две девојки го искористиле YouTube и го снимиле ова видео за да им кажат на семејствата и пријателите дека се добро, а и да раскажат што виделе и чуле за земјотресот:

И други го сториле тоа, во потребата за помош и ширење на вредни информации за тоа што да се направи за да се максимизира можноста за преживување во срушена зграда. Таков е и случајот со ова видео, снимено по земјотресот. Теоријата на животниот триаголник (The Life Triangle theory) во основа, тврди дека најсигурно место за криење по земјотрес не е под мебелот туку под некое цврсто парче мебел: така, ако на тој дел паднат делови од материјали, нема да се урне врз лицето кое се крие под него. Наместо тоа, лицето ќе биде на сигурно во џебот од страната на предметот. Ова промотивно видео кое беше адаптирано и преведено на шпански, објаснува дека криењето под маса и врата нема да ви овозможи да преживеете.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.