Мароко: Затворен студент поради навреда на кралот во видео запис

Овој напис е дел од нашата специјална репортажа за Протестите во Мароко во 2011 година.

Во понеделникот, на 13 февруари 2012 година, судот во мароканскиот град Таза го осуди 24-годишниот студент Абделсамад Хајдур на три години затвор и парична казна од 1.200 американски долари, поради критикување на кралот на Мароко во видео запис објавен на Јутјуб. Според официјалната државна новинска агенција, г-дин Хајдур е обвинет за „напад на светите вредности на нацијата.“

Според еден марокански новински веб-сајт, г-дин Хајдур немал правна помош за време на сослушувањето и судот не му назначил адвокат за одбрана на обвинетиот, што е во согласност со мароканскиот закон. Според мароканскиот закон кралот се смета за „неповредлив“, но мароканскиот устав, исто така, гарантира (според Член 25) „слобода на мисла, говор и изразување во сите форми.“

Инкриминирачкиот четириминутен видео запис е објавен на почетокот на јануари, за време на општествените немири и насилните судири помеѓу демонстрантите и полицијата за справување со протестите во градот погоден од невработеност, Таза. Во видео записот, Абделсамад Хајдур се гледа како и зборува на група луѓе на улиците, остро критикувајќи го кралот и неговата придружба (видео запис објавен од zawali66):

Пресудата доаѓа една недела откако еден 18-годишник, обвинет за кривично дело повреда на кралот со објавување на слики и видео записи на Фејсбук каде го исмејува кралот Мохамед VI, се појави пред суд во главниот град Рабат.

Веста за казната против господин Хајдур предизвика неколку силни реакции на социјалните мрежи.

Раста Баста објави на Твитер:

@Basta: само мисла: во #Мароко навреда на Бог не е казниво со затвор, а навреда на кралот е казниво со 3 години затвор; некои заклучоци? #ХР #Арапскапролет

Самиа Еразуки објави на Твитер:

@Charquaouia: Веќе не можам да ги бројам луѓето во Мароко, кои по стапувањето на сила на новиот Устав и изборите, се затворени поради нивното изразување.

Бурито објавува на Твитер:

@Burrito_SB: Колку луѓе треба да бидат уапсени, единствено поради изразување на нивното мислење. Дали треба да сфатиме дека ништо не е променето?  #мароко

И покрај одржливиот развој, Мароко сè уште страда од висока невработеност, која особено преовладува меѓу младите, од кои повеќе од една четвртина не можат да најдат работа.

Многу марокански градови се сведоци на секојдневни протести за невработеноста, кои често се водени од универзитетските дипломци кои сакаат да го вклучат јавниот сектор. Минатиот месец четворица од демонстрантите се запалија во главниот град Рабат. Еден од нив го изгуби својот живот.

Меѓутоа, општествените тензии својот врв го достигнаа во градот Таза. Градот беше сведок на неколкунеделни насилни немири помеѓу демонстрантите и полицијата за справување со протести. Немирите кулминираа на 1 февруари кога полицијата започна истрага одејќи од куќа на куќа, и притоа уапси неколку осомничени демонстранти.

Во вторник, 17 лица од Таза се казнети со затвор до 8 месеци поради „вандализам и уништување на јавна сопственост,“ известија локалните медиуми.

Овој напис е дел од нашата специјална репортажа за Протестите во Мароко во 2011 година.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.