Јужна Африка: Сагата на расистичкото видео од универзитетот Слободна Држава

Во последнава недела и половина постојано се подгрева ситуацијата за наизменичниот став на Јужна Африка против омразата и расизмот од било ков вид. Ситуацијата се вжешти кога четворица студенти од универзитет Слободна Држава направија расистичко видео во кое се гледа како универзитетскиот персонал за чистење јаде храна, која е уринирана од страна на еден од студентите. Видеото прикажува и други дејствија, каде персоналот за чистење е експлоатиран на сличен начин и е третиран ужасно и расистички. Студентите се уште се немаат покајано, измислувајќи изговори за нивните дела и покрај тоа што инцидентот е осуден од различни институции и политички партии вклучувајќи го и нивниот студентски дом, кој се извини за расистичкото видео.

Поделба на видеото на сцени може да се најде тука.

Блогосферата на Јужна Африка еруптираше околу оваа тема и еве неколку делови од неа:

Конфузниот Каспер:

Како белец, се срамам од фактот дека некои белци – како овие – веруваат дека е неопходно да постапуваат на ваков нехуман и немилосрден начин. Луѓе како овие одат против сите работи за кои Мсанзи (Msanzi) се бори. Тоа покажува бесрамно непочитување на нашиот устав и создава некоректна перцепција дека сите белци се расисти. Дојде време сите белци во Јужна Африка да се здружат против ваквото зло.

Јужна Африка не е земја за расисти. Ова е мојата порака до секој кој планира да ја промовира идејата на расизмот: „Одете си од мојата земја и останете надвор!“

Вистини и лаги од шпионски поглед:

Тие “љубимци” од УСД треба да бидат казнети, строго. Ми се замрзува крвта кога помислувам како тие момчиња – момчиња бидејќи маж не би постапил така – ги подмитуваа и измачуваа чистачите. Слушнав дека луѓето го нарекуваат едноставна иницијатива, но всушност не е тоа – видеото е направено во резиденција на расна поделеност, тоа опишува отпочнување на исмејување, што тие ќе направат доколку бидат присилени да прифатат луѓе од сите раси во резиденцијата.

Иако вмешаната жена соопшти дека не биле присилени на нешто, тие признаа дека не знаеле за што го работеле тоа. Прашањето кое сега произлезе е зошто тие учествувале? Па, доколку сте ништо друго освен чистачка, опкружена со богати и моќни млади луѓе кои може, а може и не ги игнорирале или третирале лошо, нели би била почестена ако тие ненадејно те замолат да направиш нешто за нив, нели тоа неочекувано пријателско внимание и ветувања на виски би те завело? Јас се согласувам дека нивната мета, чистачите, и нивниот протест беше расистички мотивиран, но расизмот е социјална состојба, а не политичка сапуница.

Иронично, таткото на еден од студентите се нафрли на медиумите за нивното известување за приказната, велејќи дека целата работа е преувеличена и дека за неговиот син е создадено негативно мислење, а тој се уште немал судење. Тој исто така додаде дека момчињата немале можност да ја објаснат ситуацијата. Добро тие имаа можност откако ги назначија нивните адвокати за давање коментари.

Откако таткото се појави во јавноста постојат неколку работи за кои се прашувам.
1. Без разлика на мотивот на видеото, како би се чувствувал доколку ја види својата жена или ќерка на видео од ваков тип? Во видео каде црнец се преправа дека уринира во нејзината храна, видео во кое таа се нарекувана курва и кое таа се прикажува како безвредна, патетична и тотално бескорисна за мажот кој го снима видеото. Нема ли тој да искаже својот гнев во сите весници?
2. Дали ова е тема која може да се преувеличи? Ако мојата сестра, мајка или тетка беа снимани од твојот син и неговите пријатели, јас ќе ги нападнев со цела сила. Тоа што го направија беше погрешно. Луѓето мора да го признаат тоа! Престанете да го заштитувате, престанете да го правите жртва, подобро признајте дека неговите дела се погрешни и оставете го да научи од своите грешки. Тоа е причината да се биде татко или пријател.
3. Дали некој чувствува дека тоа што тие го направија е правилно, ако да, тогаш треба да размислат за себе, каков тип на луѓе се и добро да погледнат на каков морал ги имаат научено своите деца. Подобро расчисти го нередот во твојот дом и можеби сите ќе престанат да зборуваат за тоа.

Лош Претпиемач:

Ова беше темна недела во Јужна Африка и за првпат немаше никаква врска со локалниот енергетски набавувач. Се појави расистичко видео и негативни слики брзо се проширија глобално, интернационалните медиуми се свртеа кон земјата велејќи дека нашата наводна “трансформација” е само фасада. Земјата е повредена.

По се изгледа дека не сите од Јужна Африка го одобруваат општеството составено од повеќе раси. Ова, после 14 години од крајот на апартхејд, покажува дека за комплетна промена е потребно време, а дури и тогаш ќе имате дел од општеството кое ги поместува границите на пристојност и се останато. Парламентот на Јужна Африка ги осуди сите видови на расизам и сексизам во земјата велејќи дека со тоа се нарушува уставот на земјата. Оваа осуда, покрај расистичкото видео, вклучува и скорашен напад на жена поради тоа што носела мини фустан. Не многу блогери од Јужна Африка пишуваа за оваа тема.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.