Русија: Барање правда преку линкување и ре-објавување.

Руската блогосфера прераснува во место за јавен немир и борба против недостигот на соодветни санкции против корумпираните владини членови и нивните роднини кои го кршат законот. Наједноставно пребарување меѓу блоговите покажува бројни написи кои ја критикуваат руската полиција, сенаторите и функционерите кои не ги почитуваат законските норми и лесно ги заобиколуваат казните за корупција, нелегални активности, па дури и убиства.

Сепак, јавните онлајн фрустрации не секогаш водат до реални промени. Неодамнешната вест за сообраќајната несреќа во еден сибирски град и реакцијата на блогерите за случајот, илустрираат како интернет кампањите се борат против искривената реалност.

Навидум, веста за Ана Шавенкова која прегази две жени со својата Тојота на втори декември, 2009та година во Иркутск, не е новост во Русија. Илјадници човечки животи се одземени во сообраќајни несреќи секој месец. Меѓутоа, информацијата дека Ана е ќерка на Лудмила Шавенкова, претседничката на избирачкиот комитет во иркутскиот регион и личност со големо влијание во истиот регион и дава посебна димензија на веста.

Првичното прикажување на вознемирувачкото видео од местото на несреќата, кое постојано е отстранувано од Youtube, не покрена некаква значајна, онлајн дискусија. Одредени блогери ја потенцираа индиферентноста на случајните минувачи, кои незаинтересирано ги одминуваа повредените патнички. Другите беа вознемирени од реакцијата на Ана, која откако излезе од колата, наместо да повика брза помош и да ја провери состојбата на патничките (едната од нив почина неколку дена подоцна, за време на болничкиот третман), најпрво воспостави приватен разговор.

Тоа што навистина ги налути блоговите, беше формалноста на полициската истрага во Иркутск. Наводно, Ана беше третирана како сведок на несреќата и покрај фактот што таа ја возеше колата која ги удри двете жени.

Добро познатата блогерка и членка на опозициската коалиција „Друга Русија“ Марина Литвинович (LiveJournal корисничка сметка: abstract2001) со коментарот на својот блог [руски] за кратко привлече бројни посетители и нови коментари:

Многие, наверное, помнят ролик из Иркутска, где камера видеонаблюдения зафиксировала ДТП. Его виновница, Анна Шавенкова, на полной скорости сбившая двух девушек в самом центре Иркутска, вдруг оказалась не виновницей происшествия, а его свидетельницей. Кто является виновником ДТП, суд пока не установил. Вполне вероятно, что виновником окажется автомобиль. А Анна Шавенкова просто так, случайно, оказалась на водительском сидении. Чисто как свидетель.

Многумина ќе се сетат на видеото од Иркутск во кое е снимена сообраќајната несреќа. Ана Шавенкова, која ја предизвика несреќата и со полна брзина ги удри двете жени во центарот на градот, наеднаш стана сведок. Судот сè уште не донесе правосилна одлука која го содржи виновникот за несреќата. Можно е самиот автомобил да бил виновен, а Ана случајно се нашла на возачкото седиште. Само како сведок.

Литвинович им порача на останатите блогери да ја објават информацијата за несреќата на своите блогови, надевајќи се дека тоа ќе го привлече вниманието на медиумите. Марина го послуша советот од друг блогер и постави „ре-пост“ копче на својот блог, со што го поедностави самиот акт на онлајн ширење на информацијата.

Голем број блогери одушевено го објавуваа блог постот на Литвинович (најчестиот одговор на постот беше „јас ре-објавувам“) и изразија најдлабока грижа за начинот со кои властите се справиле со несреќата.

Значителен дел од онлајн читателите се свесни за очигледната слабост на руските закони пред луѓето кои иако се повикани за кривични дела, поседуваат политичка моќ. На пример, блогерот tvn1 напиша [руски] дека никој не може да ја осуди мајката која се обидува да ја заштити својата ќерка од одредена казна. Наместо тоа, блогерот го насочи вниманието кон луѓето кои овозможуваат одредени поединци да се најдат над законот:

А вот судью и ментов надо мочить жёстко и показательно. Из-за них, взяточников, и стал возможным мажорский беспредел.

Нужно уже брать пример с той-же Греции, Франции т.п. Так за такие дела люди выходят на улицы и пускают в ход силу ломов, коктейлей молотова и прочих подручных средств, этим самым напоминая, что власть – слуга народа а не народ на службе у власти.

Ние треба најстрого да ги осудиме полицијата и судот. Системот на бесправност постои поради нивната корумпираност. Треба да го следиме примерот на Грција, Франција, итн. Таму, луѓето со помош на масовни демонстрации и молотови коктели ги потсетуваат властите дека нивна должност е да му служат на народот, а не обратно.

Предлозите за „удирање“ по властите и „здружување за бунтови и демонстрации“, не се воопшто ретки меѓу блогерите.

Одредени блогери сметаат дека вината за „бесправноста“ во државниот систем треба да се бара во граѓаните кои ги избираат владејачките претставници. Корисникот на блог сервисот LiveJournal, toytronic напиша на својот блог [руски]:

В этой стране власть всегда имела граждан, почитайте историю! Радуйтесь, что в ЖЖ вам пока любезно позволяют чувствовать себя свободными! Вы сами проголосовали за вертикаль власти и парламентское большинство, а получили тотальную коррупцию, полное разложение МВД, цензуру СМИ и парламент состоящий из коррупционных чиновников, на все это мерзко смотреть! У вас была возможность избрать демократическое гражданское общество в конце 90х! Если народ не поумнеет, его ждет новый 37 год!

Властите отсекогаш „имале“ свои луѓе во оваа земја. Читајте ја историјата! Треба да бидете благодарни што засега имате комплетна слобода на LiveJournal [популарна блог платформа во Русија – V.I.]! Вие бевте тие кои гласаа за вертикала на моќта и парламентарно мнозинство и сега добивте целосна корупција, распаднато Министерство за внатрешни работи и Парламент составен од корумпирани пратеници. Мачно е да се гледа! Вие имавте можност да изгласате демократско општество на крајот од 30тите години. Ако луѓето не се опаметат, тие ќе се соочат со ситуација слична на онаа од 1937ма година [периодот на Големата чистка на диктаторот Сталин]!

Уште еден блогер кој се залага за активно учество на локалните и регионалните избори, со цел да се спречи владеењето на корумпираните политичари.

Моментално, постот на Литвинович е меѓу најпопуларните постови на руската блогосфера и котира највисоко меѓу онлајн објавените содржини. Очигледно, авторката успеала да го привлече вниманието на сајбер-граѓаните за конкретниот проблем.

Сепак, сè уште е нејасно дали оваа импровизирана, виртуелна кампања ќе предизвика некаков резултат во реалниот живот. Литвинович смета дека кампањата веројатно ќе ја подобри моментална ситуација. Реплицирајќи на коментар кој се сомнева во ефективноста на ре-објавувањето, Литвинович оптимистички забележува:

Опыт показывает, что простым привлечением внимания моно много добиться – например того, что следствие и суд к проблеме отнесутся по-другому, а не так как сейчас. Если не помоет, будем думать, что еще можно сделать.

Искуството покажува дека, со самото привлекување на внимание, единката може многу да постигне. На пример, по медиумскиот публицитет, судот и понатамошната истрага ќе го третираат овој случај различно од досегашната практика. Ако ова не помогне, тогаш ќе смислиме нов начин за решавање на проблемот.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.