Кина: Предложена регулација на интернет кафињата

Оваа година, членовите на Националниот народен конгрес (NPC) и Кинескиот народен политичко-советодавен конгрес (CPPCC) имаат составено неколку сугестии за легислатива за регулирање на интернет кафињата.

Интернет кафиња водени од Владата

Според известувањата на локалните медиуми, членот на CPPCC, Јан Кји, предложил Владата да ги води интернет кафињата и да ги затвори нелегалните. Таа е загрижена за негативното влијание на интернет кафињата врз децата.

Нејзиниот предлог е поддржан од Тао Хонгкаи, универзитетски професор за образование и социологија, кој го претстави концептот за „интернет зависност“ во Кина. Тој истакнува дека 92% од младината оди во интернет кафињата за да игра онлајн игри. Односот на позитивното наспроти негативното во постоењето на интернет кафињата е 1:9 и затоа тој поддржува да се затворат сите приватно раководени интернет кафиња.

Исклучување во нула часот

Исто така поради загриженост за проблемот со интернет зависност, претставникот на NPC, Гао Веинланг, предложи легислатива со која ќе се затворат сите интернет кафиња во периодот од 24 часот до 08 часот наутро. Дон Ваненг има напишано пост за исклучувањето во нула часот на GlobalVocies:

Ова не е првпат да се предложи затворање на интернет кафињата навечер. Во ноември 2005, општината Чонкинг искуси бавно имплементирање на политиката „исклучување во нула часот“, како и други градови низ земјата.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.