Филипини: Протестите „Окупирај“ ја надминаа полициската бруталност

Оваа објава е дел од нашата специјална репортажа за #Окупирај низ целиот свет.

Демонстрантите на Филипините се обидоа да го „окупираат“ историскиот мост Мендиола во близина на претседателската палата со поставување на кампирачки протест против кратењата во буџетот и сиромаштијата. Полицијата употреби пендраци и вода од противпожарни возила за насилно растурање на собирот, но и покрај тоа, речиси илјадници продолжуваат да се собираат околу Мендиола, ден по ден, со цел да се даде силна изјава пред вратата на претседателот Нојној Аќино.

Шест студенти беа уапсени, но подоцна ослободени, откако неубедливите обвинувања од страна на полицијата против нив, беа отфрлени од јавниот обвинител. Број на други демонстранти се критично повредени во бруталните растурања.

Спречени од полицијата да кампуваат во близина на Палатата, првата ноќ демонстрантите поставија шатори во Плаза Миранда во Киапо, исто така во црквата Бастилос, еден блок подалеку од Мендиола, а последно во храмот Ливасанг Бонифацио. Денес, 10 декември, Меѓународниот ден на човекови права, е последниот ден за кампувачкиот протест.

 

Повикот за оние на кои „им е здосаден status quo и се соединети со заедничка надеж за подобра сегашност и иднина“ да „преземат акција“ и да го окупираат Мендиола, беше најпрво објавен онлајн на www.campoutph.com од повеќе од 100 групи:

Не можеме повеќе да поднесеме извртено социјално окружување кое ги лишува повеќето наши луѓе од достоен живот и основни социјални услуги. Не можеме повеќе да поднесеме социјален систем кој произведува огромно богатство за надворешни интереси, а малку за луѓето, кои се мачат целиот живот, постојано се турнати подлабоко во глад, сиромаштија и неправда.

Нагласувајќи ја темата „sawang-sawa na tayo (доста ни е),“ кампувачкиот протест допре голем број на прашања, од кратењето на буџетот за образование и социјални услуги од страна на администрацијата на Аќино, постојаното зголемување на цените на нафтата и основните намирници, реформи на земјата, миграциски прашања, рушење на урбаните сиромашни, и постојано кршење на човековите права.

'Campout' march blocked by police. Photo from @androzarate

„Кампувачки“ марш блокиран од полицијата. Фотографија на @androzarate

Видеа од студенти и младински лидери, академци, уметници, активисти и други кампувачки подржувачи кои го искажуваат својот гнев кон системот и ги повикуваат другите да се приклучат кон протестот, исто така циркулираат онлајн:

На луѓето им е доста од сиромаштијата. Сите сектори од општеството имаат одговорност да стават крај на ова. Јас сум Аксел Пинпин, активист на примитивното движење и поет. Секој од нас има одговорност да продолжи да ги освестува луѓето за нивните реални состојби. Сите се поканети на народното кампување кое ќе започне на 6 декември.

Стотици студенти од разни државни универзитети одржаа неколку протесни активности на островите Панај и Гуимарас, додека илијадници студенти од градот Илоило беа храбри на дождот и маршираа на собир во солидарност со протестите Окупирај го Мендиола.

Iloilo City students brave the rain in solidarity with Occupy Mendiola. Image by author.

Студентите од градот Илоило Сити беа храбри на дождот во солидарноста со Окупирај го Мендиола. Фотографија од авторот.

Протестот со девизата „Окупирај го Мендиола“ е инспириран од популарното востание „Арапска пролет“ на Блискиот Исток и Северна Африка, Генералните штрајкови во Европа и сега глобалното движење на „Окупирај“.

Преносите поврзани со постојаните „окупирања“ исто така можат да се проверат на Фејсбук или на Твитер со хаштаговите #sawangsawa и #campoutph.

 

Заситени од системот

Студентот Реген Криси Конти од државниот национален универзитет, Универзитетот на Филипините, ја објаснува историската значајност на Мендиола:

Мендиола, како седиште на политичка и економска моќ на Филипините, отсекогаш било историско протестно место. Кампувањето во Мендиола против владеачкиот систем на владата, како и движењето „Окупирај“ на Вол Стрит против акционерската алчност, има „моќ на место“. Таму бевме минатиот септември, минатиот мај и една година претходно, во декември. Зошто овој пат, претседателот Аќино го затвори регионот за активисти, дозволено или не дозволено?

Politika2013 ја потенцираше иронијата на бруталните растурања неколку денови пред Денот на човековите права:

Полицијата во име на безбедноста поради моменталната окупираност на Палатата, не сака демонстрантите да ги извршат своите демократски права во Мендиола. Затоа тие ги блокираа оние што маршираа, пред тие да можат да пристапат до симболот за борбата за демократија на филипинскиот народ.

Оваа сцена предизвика сеќавање на растурањето на протестните дејства во кои учествуваа колегите и подржувачите на родителите на Нојној во текот на мрачните Маркови години во раните 70-ти до 80-ти.

Новата филипинска револуција го критикуваше насилното растурање како изразување на паранојата на администрацијата на Аќино и тотално непочитување на демократските начела:

Не гледам ништо лошо во дозволувањето на студентите да логоруваат и да го поминат Божиќ на Мендиола или буквално да го направат мостот нивен дом. Малакананг е неколку метри подалеку. Еден камп кај Мендиола нема да ја наруши безбедноста на палатата.

Во САД, на стотици од илјадници луѓе им е дозволено да се искажат, оттогаш ова движење е наречено „Окупирај го Вол Стрит“. Во времиња како овие, кога луѓето се гладни и милиони луѓе се без работа, потиснувањето на овие демократски заштитени дејства е навистина глупаво.

Блогерот Тери Ридон цитира „5 причини поради кои треба да се придружиш на #campoutph“:

5. Твојот училиштен буџет е скратен. ПОВТОРНО. И ПОВТОРНО… 4. Сакаш да возиш MRT и LRT… 3. Твојот татко беше фармер. И твојот чичко беше фармер… 2. Ти/Мама/Тато/Бато/Дада/Сите сте OFW… и 1. Чувствуваш дека нешто не е во ред со системот.

Радикалс Нат ги брои негациите од страна на администрацијата на Аќино за растот на движењето „Окупирај“ во земјата:

Претседателскиот портпарол Едвин Лациерда во октомври рече дека нема основа за такво слично движење бидејќи администрацијата се „здружува со најсиромашните “. Владата, вели тој, настојува кон „неверојатен пораст“.

Ништо не може да биде подалеку од вистината. Во овие излагања на 6 декември, филипинскиот весник Дејли Инквајарер забележува дека комбинираниот приход од најбогатите 1% од семејствата (185,000) е еквивалентен со најсиромашните 30% (5,5милиони). Аќино, како и Аројо, припаѓаат во тие 1% кои го монополизираат богатството на земјата.

Економските политики служат во корист на елитата во којашто припаѓаат Аќино и Аројо. Тие ја користат својата политичка моќ да ја заштитат редистрибуцијата на социјалното богатство и да соберат уште повеќе. Најсоодветен пример е Хациендата Луисита, која беше контролирана од семејството на земјопоседникот-претседател, повеќе од половина век преку измами и насилство. Денес, Аќино сака компензација од земјоделците кои неговото семејство со децении ги експлоатираше безрезервно, пред да ја добијат земјата која отсекогаш ја поседувале.

Оваа објава е дел од нашата специјална репортажа за #Окупирај низ целиот свет.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.