Израел: Младите бедуини користат IM за да ги заобиколат културните прохибиции

Аднан Гарабија, 34, живее во Вади ал-На'ам, бедуинска заедница која се граничи со Рамат Ховав во јужниот ден на Израел. Заедницата не е поврзана ни на електричната мрежа ни на водоводот. Работејќи на своите тези, Гарабија открил дека апликациите за инстант пораки се екстремно популарни помеѓу бедуинската младина, најсиромашниот, најзапоставениот сегмент од израелската популација. Девојките го сметаат IM сервисот екстремно корисен, бидејќи им дозволува да ги заобиколат културните прохибиции и на тој начин да избегнат критика за нивниот разговор со момчиња, па дури и можноста да се вљубат во некое од нив.

Следуваат цитати и линк од интервјуто со Гарабија:

„Племенската структура е многу цврста, момче тинејџер со најмногу 18 години постојано се грижи за племето и заедницата. “, вели Гарабија. „Бедуините вообичаено се изолирани и одделени од остатокот на израелското општество, од остатокот на арапскиот сектор, а најчесто живеат во северот и далеку од Арапите во другите земји. Со собите за разговор (chat rooms) се отворија многу можности.“
Интернетот направи огромна промена во живото на младите девојки. „Во бедуинското општество постои строга поделба на половите и поради тоа собите за разговор се единственото место каде што тие можат да разговараат со спротивниот пол,“ вели Гарабија. „Ова е од особена значајност за девојките, бидејќи нивниот социјален круг е многу мал, а нивната слобода на движење многу ограничена. Не секоја од нив може да ја напушти заедницата на родителите. За разлика од момчињата, на девојките не им е дозволена посета на градот по завршување на часовите или посета на пријатели. Во овој поглед, технологијата зазема важна улога.“
„Во нашето општество, девојките мора да се однесуваат достоинствено, бидејќи најважно за една девојка во ова општество е нејзината репутација,“ вели А. , една од интервјуираните девојките за истражувањето. „Во бедуинското општество забрането е да се разговара со момче, да му се испрати писмо и да се вљубиш во него.. но во chat room никој не знае дали ти разговараш со момче. Тие мислат дека си добра, угледна девојка и тоа е најзначајната работа. Им пишуваш на луѓето додека никој не гледа, но во реалниот живот твоето однесување е изложено на постојан надзор.“
Собите за разговор им дозволуваат да ги заобиколат обичаите и забраните, а со тоа да ги надвладеат строгите правила на традиционалното општество, првенствено поделбата на половите и строгите ограничувања кои се наметнати на жените. „Постои многу поголема слобода во char room,“ вели Гарабија. „Во фамилиите не е вообичаено да се разговара на сите теми, особено кога децата се малолетни. Во собите за разговор можеш да разговараш на било што, доколку најдеш некој друг заинтересиран за истата тема.“

(извор)

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.