Глобално: Година на тигрите и нивното одгледување

Активистите и организациите кои се борат за правата на животните ширум светот, одлучија да се осигураат дека оваа година е навистина „годината на тигрите“. Тие ја искористија шансата да ги зголемат своите активности и да го насочат светското внимание кон овој величествен, а сепак сериозно загрозен вид во и онака намаленото животинско царство.

Според WWF моментално постојат само 3,2000 тигри во азиската дивина – најголемото живеалиште на овие животни. Дури и оваа скромна бројка е сериозно загрозена поради ловокрадството, нелегалната трговија и уништувањето на природните живеалишта на овие животни.

Се чини дека идејата за зголемување на свеста, преку доделување на годината на тигрите, е сфатена навистина сериозно.

WWF ја започна кампањата „година на тигрите“ со објавување на „десетте најпроблематични места“ во кои животните најсурово страдаат. Тие ги покриваат географските локации како Кина, Индија, Сибир, Југоисточна Азија, Бангладеш, па дури и САД, каде голем број тигри кои претходно биле чувани во заробеништво, се пуштени во дивината. Според WWF, бројот на тигри одгледувани во заробеништво во САД, се проценува на околу 3000 животни.

Фотографијата е снимена во една фарма на тигри во близина на Патаја, Тајланд, од страна на корисничката на сервисот Flickr, Narisa. Фотографијата е под Криејтив Комонс лиценца.

Фотографијата е снимена во една фарма на тигри во близина на Патаја, Тајланд, од страна на корисничката на сервисот Flickr, Narisa. Фотографијата е под Криејтив комонс лиценца.

Бројот е навистина алармантен и не тера да се запрашаме, колку е оваа состојба поразлична од онаа на тигрите во Кина? Кинеските фарми на тигри се голем срам за целото човештво и непријатна слика за нештата кои сме способни да му ги направиме на овој важен вид.

Со години, тигрите се користат во традиционалната кинеска медицина, а денес дури и во виното. Прекинот на оваа нелегална трговија нема да биде едноставен. Се уште е неизвесно дали легализацијата на продажбата на коски од тигар ќе биде доволен чекор во борбата против ловокрадство на дивите единки од видот.

Според Мајкл кој (главно) блогира за мачки:

Единственото решение на долг рок лежи во соодветната едукација и промената во самиот однос со коj ќе се согласи и кинеската влада. Но, за да се добие согласност од владата, ќе биде потребен и додатен, финансиски мотив. Загубата на тигрите е голем проблем од светски рамки. Тигрите се дел од овој свет и ние мора да најдеме начин да го спасиме ова животно.

На Sciblogs, веб логот од Нов Зеланд кој „ги обединува најдобрите блогери – научници од островот на една веб локација“, стои дека Кина го поддржува аргументот според кој, фармите се здрава опција за спречување на ловокрадството на дивите животни. Организациите како WWF и CITES (Конвенција за меѓународна размена на загрозени видови) се во екот на една тешка борба со државниот гигант.

Важен резултат од светската работилница во Катманду, по повод состојбата на тигрите, беше неуспехот на невладините организации и владините членови во убедувањето на Кина во откажување од одгледувањето на тигрите. Притисокот продолжи и по средбите во склопот на работилницата. WWF даде свој придонес со видео поставено на Youtube, според кое фармите на тигри се билет во еден правец на патот на уништување на овој вид (посебно на единките кои живеат во дивината). Сепак, кинескиот став беше навистина доследен во последните неколку години.

…Кинезите веќе не веруваат дека нивото на побарувачка за деловите од телото на ова животно може да се смали до тој степен, во кој ловокрадењето ќе престане. Луѓето кои можеби веруваа во ова тврдење во средината на деведесетите години, сега се скептици поради значителното зголемување на ловокрадството како резултат на поставената забрана за одгледување на тигрите. Многумина се сомневаат во делотворноста на забраната за одгледување на тигрите, а меѓу скептиците се вбројуваат и дел од самите одгледувачи.

Можеби аргументите беа на страната на Кина бидејќи голем дел од одгледувачите кои останаа без многу опции, сега се прашуваат дали преполнувањето на пазарот со коски и други делови од телата на овие животни чувани на фармите, може да го намали убивањето на дивите тигри.

Мајкл, кој беше навистина разгневен од овие аргументи, даде контра реплика поддржана со фотографии од фармите на тигри во Кина:

Тоа што вие го гледате е најпопуларното животно во светот редуцирано на парчиња месо и отпад, смрзнато до коските, лишено од целата своја гордост. Сопственикот на оваа одгледувачница ги чуваше телата на тигрите (може да се види дека на едното тело кожата е одрана) се додека трговијата со деловите од нивните тела не стана легална. CITES формално побараа од кинеските власти да ја истражат нелегалната продажба на месо од тигри на фармата Гуилин. Ова барање е навистина апсурдно и бесмислено. Тоа е како да побарате од полицијата да истражи некој прекршок кој бил извршен од страна на полицаец на должност. Дали некогаш добиваме резултат од таквата истрага? Не.

Значи, дали легализацијата на трговијата со делови од телата на тигрите и нивното одгледување ќе го намалува страдањето на видот? По се изгледа, далеку од тоа. Според WWF, едно истражување спроведено од Светската банка и Меѓународното здружение за заштита на тигрите го разоткрило тој аргумент:

(обраќање на Варма до Меѓународната комисија за трговија) Со оглед на непредвидливоста на животинската природа и фактот дека моментално има само 3,500 тигри во дивината, навистина нема место за експерименти. Комерцијалната трговија со делови од телата на тигрите не е во интерес на зачувувањето на целиот вид, а посебно не на дивите тигри.

Голем број загрижени организации и индвидуалци се одбидуваат на секој можен начин да ја подигнат свеста за ужасната состојба на тигрите. Меѓутоа, блогерот Tantanoo соодветно ги посочи грешките во сегашните методи на активистите:

Во моето скромно мислење, спасете ги тигрите – www.saveourtigers.com е една навистина лошо изведена социјална иницијатива. Не сум сигурен дали дали оваа иницијатива донесе некакви добивка за Aircel, а освен фактот што предизвика мала фама, овој проект е едвај исплатлив. Му недостасуваат духот и решеноста, карактеристики на секоја добра иницијатива. Проектот промовира пасивен активизам во однос на проблемот и затоа неговиот ефект и размерите на промените кои може да ги донесе се дискутабилни. Ајде да направиме брза посмртница на оваа иницијатива.

Објаснува Tantanoo и покажува кон листата со неубедливи акции преземени од организаторите на иницијативата.

Сепак, нешто е подобро од ништо. Веројатно голем дел од оние кои ја славеа кинеската, лунарна година, освен што ја погледнале сликата на тигарот на календарот, воопшто не помислуваат на ова животно. Благодарение на пасивниот активизам и кампањите основани на интернет, секојдневно се иницира зголемувањето на глобалната свест.

1 коментар

  • A nekoj da gi prasa toa lugjeto od zoltata rasa i so kosi oci sto ke si prodavaat koga tigrite ke isceznat …… koskite od kucinjata i mackite sto gi jadat:))) …… ili ona cudono od peceni na skara bubasvabi,pa sto ti ja neznam drugo ….. prokletija ziva ……. coveckiot rod e navistina prokolnat ….. no sepak se blizi 2012

Приклучи и се на дискусијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.