САД: 4 март, ден за одбрана на образованието

Четврти март е национален ден за акцијата за одбрана на образованието, на кој учествуваа неколку универзитети од Соединетите Држави. Студенти протестираа против зголемувањето на давачките за упис, против расизмот и во корист на бесплатно образование финансирано со јавни средства.

Центарот на активностите беше Калифорнија, каде протестите се ширеа низ државата, од универзитетскиот кампус во Беркли, до кампусот во Оукланд. Учесниците беа охрабрени да ја присвојат тактиката што ја сметаат за ефективна или соодветна, што значи штрајкови, напуштање на предавањата, маршеви, демонстрации, окупации, средби и дебати. Да и се даде глас на јавната огорченост наспроти неодамнешните зголемувања на давачките (дури до 32%) на државните универзитети во Калифорнија.

На Твитер, хаштагот #4 Март луѓето го користат за ажурирање на информациите за настаните. @Lavika објави информации во врска со учеството на началникот на државата Калифорнија, Џек О’Конел на средбата закажана во Колтон Хол во Монтереј. Колтон Хол претставува зграда-симбол, бидејќи е местото на првото училиште финансирано од државата во Калифорнија.

На сајтот Fightback! News излезе натпис за загриженоста која расте во круговите на некои колеџи во Калифорнија. На 24 февруари, зградата во која се сместени административните канцеларии во кампусот на Универзитетот Ирвин беше окупирана од страна на студентите и вработените. Едно од нивните барања беше и финансиска помош за студентите без документи за престој.

Расните односи се уште едно сензационално прашање што се појави како дел од случувањата на 4 март. Универзитетот во Сан Диего, Унијата на црни студенти на Беркли и УКЛА Африканската Студентска Унија организирааа демонстрации против престапи со расистичка конотација и недостатокот на различност во универзитетскиот систем. На 1 март, на кампусот на Универзитетот Беркли, беа комплетно сопрени сите активности.

Следново Youtube видео е поставено од rgiwaproductions, со најважните случувања од активностите на студентите.

На источниот брег, меѓу другите присуствуваа Hunter College, New York University, State University of New York (SUNY) и The New school, чии студенти изразија солидарност преку разни блогови и социјални мрежи. Во  Њујорк, минатата есен беше забележано зголемување од 14% на надоместоците за школарина. На блогот Takethecity, се појавува еден вид манифест, кој вели дека доволно плаќале за “криза генерирана од богатите и бирократите, која им користи токму ним.”

Occupy Boston пишува дека и во Масачусетс претрпеле големи намалувања на нивниот дел од буџетот за образование и зголемување од 400 долари на надоместокот за еден семестар. Тие организираа дебата од 16 до 19 часот, каде се поставуваат прашања за буџетските фондови за државното образование во земјата, демократијата во образовниот систем и неговата достапност во практична и економска смисла.

Националниот ден 4 март како ден за акција за одбрана на образованието произлезе од состанокот одржан на 24 октомври 2009 во кампусот на универзитетот Беркли, каде професори, студенти, родители, организации, здруженија и сите заинтересирани за образованието беа поканети да учествуваат во отворен дијалог за зголемувањето на трошоците за државното образование. На средбата присуствуваа повеќе од 800 луѓе чијашто најголема грижа беше порастот на сумата за школарина која најмногу ќе ја погоди работничката класа и обоените малцинства. Изразија солидарност со демонстрации, обединети против зголемувањето на школарината и демократски, 4 март беше денот за акција.

Еден месец подоцна, студентите од Беркли ја окупираа Вилер Хол, главната предавална и бараа бесплатно државно образование. Поставеното видео на YouTube од OccupyEverything2009 ги следи ангажираните во овие директни акции.

Меѓу знаците на солидарност беа и транспарентите за поддршка на 4 март низ кампусите на колеџите во САД. New School Reoccupied Blog објави неколку фотографии од Калифорнија, кои ги претставуваат слоганите за поддршка на овие манифестации.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.