Палестина: „Се плашам од “Тааакх” и се тресам кога ќе видам“

На промоција на еден од документарците од Ал Џезера, за израелската окупација на Палестина, младо девојче од Палестина го објаснува својот живот. Со нејзините мали зборови, таа ги заплени срцата на скоро сите што го гледаат видеото… и сепак нејзините зборови не велат ништо за моите чувства кога ќе ја видам на телевизија.

Палестинскиот блогер Шалтаф (Ar) ги пренесува нејзините зборови на арапски.

Бомбата влезе низ прозорецот и ги скрши сите останати прозорци пред да изгори куќата.
Сите мои работи беа упропастени. Сите мои играчки беа упропастени. Многу други мои работи беа стопени.
Се фрливме во ѓубре. Дури и моите алишта беа фрлени во ѓубре.
Само да ги мирисневте нашите алишта. Пуштете ги Евреите да дојдат и да ги мириснат нашите алишта и да ја видат нашата куќа.
Дури не успеав да им се израдувам на очилата кои ми ги донесе татко ми. Дури не успеав да и се израдувам на нараквицата која ми ја купи мајка ми, а ни на обетките и прстенот.
Како би можела јас да се радувам на нив… и на мојот ѓердан… и сите тие работи. Како би можела јас да се радувам на моите работи?
Се плашам од “Таааакх” (звукот на пукање)… и се тресам кога ќе видам дека се случува.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.