Најава за самитот на Глобај Војсис

Глобал Војсис и Глобал Војсис Адвокаси со задоволство ви го најавуваат самитот на Глобал Војсис за граѓанските медиуми 2008 (Global Voices Citizen Media Summit 2008), кој ќе се одржи во Будимпешта, Унгарија на 27-28 Јуни, 2008 со поддршка од фондацијата МекКормик Трибун, Беркман центарот за интернет и општество и МедиаУнгарија.

Овој настан ќе ги собере членовите на граѓанските медиумски проекти на Глобал Војсис, како и пошироката заедница со разновидна група од блогери, активисти, новинари и други луѓе од светот, на јавни дискусии и работилници на темата „Граѓански медиуми и Граѓанство“, кои ќе се одржуваат два дена.

My creation
Фотографии од самитот на Global Voices во Делхи, Индија 2006

Самитот на Глобај Војсис ни овозможува да го споделиме нашето знаење од нашата динамична глобална заедница од блогерите, активистите, студентите и медиумските професионалци. Овој состанок ќе ги истражува важните достигнувања во граѓанските медиуми предводени од луѓе надвор од Северна Америка и Западна Европа и ќе истражува како зголемениот број на луѓе кои пренесуваат информации глобално може да помогне во долготрајна промена на општеството.

Првиот ден од самитот, одржан од страна на Глобал Војсис Адвокаси, ќе биде посветен на дискусии за цензурата и предизвиците за слободно онлајн изразување. Вториот ден ќе се истакнат иновативни апликации од Веб 2.0 за изборни кампањи во новите демократии; соборување на проблеми при преведување и идејата за повеќе-јазична глобална мрежа; прикажување на можностите на граѓански медиуми во итни ситуации. Вториот ден ќе вклучи и работилница во која ќе се користат бесплатни, веб базирани сервиси како Гугл мапи, Твитер и сајтови за онлајн споделување.

Краток преглед на програмата на самитот е наведен на крајот од оваа статија. Веб сајтот на самитот со информации за регистрирање ќе биде достапен во наредните неколку недели, но може да ја контактирате Џорџија Поплевел (georgiap@globalvoicesonline.org) доколку имате прашања.

Ве молиме да го додаде го додадете самитот на Глобал Војсис во вашиот календар. Се надеваме дека ќе се видиме во Будимпешта.

Нацрт програма на самитот на Глобал Војсис за граѓански медиуми
Будимпешта, Унгарија – 27-28 Јуни, 2008

27 Јуни, 2008

Сесија 1: „Кон глобална мрежа без цензура“
Зошто ни е потребна глобална нецензурирана мрежа? Како може ние да го олесниме споделувањето на техниките, добрите практики и искуства за заштита на слободниот онлајн говор?

Сесија 2: „Граѓански медиуми и слободно онлајн изразување“
Граѓанските медиуми се соочуваат со закани од цензура и угнетување. Неколку примери од Кенија, Бурма, Египер и Хонг Конг.

Сесија 3: „Живот со цензура“
Учесници ќе ги споделат своите искуства од живеење во земји каде владината цензура е реалност и како е да се биде дел од организирани напори да се победи.

Сесија 4: „Активистите се среќаваат со академијата: Алатки и знаење“
Алатки за обиколување на веб филтрирањето и други методи за излез од онлајн цензурата, иако тие секогаш не се пронаоѓаат лесно до луѓето на кои им се потребни. Како може ние да постигнеме подобра координација помеѓу развивачите на овие алатки и членовите на движењата за анти-цензура? Како може ние да го подобриме движењето на информациите од активистите до развивачите на софтвер, со цел тие да дизајнираат посоодветни алатки?

Сесија 5: „НВО и нејзините активистите: Бранејќи ги гласовите“
Како една невладина организација може поефективно да работи со активисти, кои слободно се изразуваат, за да ја победи цензурата?

28 Јуни, 2008

Сесија 1: „Веб 2.0 се распространува светски“
Втората инкарнација на интернетот значи многу повеќе од социјални означувања, РСС и тракбек (TrackBack). Благодарение на зголемениот број на бродбенд конекции, светот кој се развива и иновациите на интернационалните веб претприемачи, некои од највозбудливите онлајн развивања денес се случуваат на локации каде интернет пристапот е реткост. Овој панел ќе ги собере лидерите на врвните Веб 2.0 иницијативи од Боливија, Боцвана, Колумбија и Демократска Република Конго.

Сесија 2: „Онлајн изборно тело во демократии во развој“
Зголемувањето на блогирањето, социјалното вмрежување и сервисите за микро-блогирање, како Фејсбук и Твитер, сајтови за видео и графичко споделување како ЈуТјуб и Фликр и ширењето на мобилната технологија им овозможи средства на обичните граѓани за вклучување во демократскиот процес. Оваа сесија го разгледува влијанието на алатките во неодамнешните избори во Кенија, Ерменија и Иран и го поставува прашањето: Дали всушност граѓанските медиуми имаат влијание во демократиите во транзиција?

Сесија 3: „Работилница за дигитален активизам“
Дали сте подготвени за следниот непредвиден случај во вашата блогосфера? Во оваа сесија ќе бидеме поделени во групни работилници со практични тренинзи од активисти кои ги имаат користено овие алатки за креирање мешап (mashup) , како „Забранет Пристап“ мапата, со чија помош ќе се истакне цензурата на Веб 2.0 сајтовите, Ushahidi.com, презентација дизајнирана за визуелизација и документација на насилствата после изборите во Кенија, како и за известување од кризни подрачја користејќи алатки како СМС и Твитер.
Група А) Гугл мапи
Група Б) СМС групи и флешмобинг
Група В) Кампањи за притворени блогери
Група Г) Видео дистрибуција
Група Д) Известување со алатки за микро-блогирање

Сесија 4: „Превод и повеќејазична глобална мрежа“
Во кратката историја на глобалната комуникација преку дистрибуирачки компјутерски мрежи, многубројни мислители, специјалисти, медиумски критичари, социјални активисти и писатели се креираше визија за Интернетот како еден слободен форум, без бариери, за национален и културен пресон на знаењето, идеите и информациите. Всушност, во пракса, онлајн заедниците се уште се поделени на различните јазици кои ги зборуваат. Дали онлајн лингвистичкото одделување е поради техничка или културна дилема? Дали машинскиот превод, како Гугл Транслејт, го исполнуваат ветувањето за повеќејазична мрежа или е оставено на човечките преведувачи волонтери да создаваат мостови помеѓу јазик-ориентираната онлајн сфера?

Сесија 5: „Граѓанските медиуми на помош“
Во моменти на политички пресврт, владите често ги замолкнуваат главните медиуми или легално или со закани за насилство. Единствено остануваат граѓаните да ја раскажат ситуацијата која ја доживеале, да споделат слики и извештаи онлајн. Во оваа сесија го истражуваме влијанието на граѓанските медиуми врз критичните ситуации во Мијанмар, Пакистан и Кина, интернационални и локалн

1 коментар

  • Изгледа интересно, јас сум сериозно заинтересиран да одам, ако има некој со иста намера, нека каже.

    Будимпешта и не е така далеку. 🙂

Приклучи и се на дискусијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.