Авганистан: Денот на жената во земјата на немирите

Осми март е меѓународниот ден на жената, глобалното славење на неопеаните херои благодарение на кои функционира општеството. Авганистанските блогери забележаа дека се одвива битка за права на жените, но долгата битка тие всушност ја сместија во еден историски контекст.

Мохамед Каири се жали:

Во мојата земја, Авганистан, жените отсекогаш марширале и протестирале за нивните права. За жал, политичарите никогаш не ги слушаат ниту им придаваат значење… Неколку жени од Авганистан кои имаа можност да бидат на висока позиција во Владата на Авганистан, многу брзо се вклучија во политичките игри на опозицијата наместо да работат за жените.

Авганистанската влада не успеа да стави крај на злосторствата против жените, наместо тоа многумина од криминалците беа поставени на разни позиции. Авганистанските жени повторно се оставени на неправдата која им ја нанесуваат суровите сопрузи, детскиот брак и трговијата со жени. Мажите сè уште имаат моќ да им прават што сакаат на своите жени, од тортура па до убиства. Според Авганистанската комисија за човекови права, стотици жени биле застрелани, продадени на други мажи, на стотици жени им биле отсечени делови од нивните тела; уши, нос или прсти.

Од друга страна, г. Ашраф Хајдари вели дека има причини за прославување:

Авганистанските жени имаат што да слават на меѓународниот ден на жените. Сепак, нивната несигурна позиција сè уште привлекува меѓународно внимание и поддршка. Иако авганистанските жени го повратија поголемиот дел од слободите кои ги загубија со апартхејдот на половите за време на режимот на Талибанците, сепак тие сè уште се една од најранливите групи во Авганистан…

Жените од Авганистан остварија значителен напредок откако пред седум години му дојде крајот на суровиот полов апартхејд воведен од талибанскиот режим.

Насим Фекрат напомнува дека жените од Авганистан всушност се соочуваат со повеќе насилство денес, отколку пред неколку години:

Многупати, децата на возраст од 7,8 и 9 години се принудени да стапат во брак. Условите се тешки и често се случува тие да бидат силувани. Откако ќе стапат во брак, тие повеќе не одат на училиште и се соочуваат со тешкотии од семејството и мажот. Голем број од нив не можат да ја издржат оваа тешка положба, па се самозапалуваат или вршат самоубиство на друг начин…

Околу 87% од жените се жалат на семејно насилство, половина од нив се сексуално злоупотребени и повеќе од 60 проценти од браковите се присилни.

Од друга страна, декадите поминати во војна ја оставија земјата со илјадници вдовици и сирачиња. Денес, повеќето од нив просат по улиците. Мал број од нив беа однесени во домови за деца или засолништа.

Хади1121 нуди слично сведоштво,

Не треба да се мисли само на денот на жената. Сањар ја поврзува приказната за протестот во Мазар-и-Шариф со данските цртежи на пророкот Мухамед:

Авганистанските свештени лица и владата не само што не ја разбраа кризата, како што вообичаено им се случува со кризите, но тие исто така се дволични. Владиниот буџет и Авганистан е финансиран од земји кои го објавиле цртежот. Зошто го примате нивното милосрдие, кога толку жестоко се спротивставувате на нивните вредности. Цртежот е уште еден изговор за мулите, како што е и за десното крило на западот, за зајакнување на нивното влијание во општеството. Протестите како денешниве се на иницијатива на мулите која првенствено е насочена кон потиснување на скромните елементи во Авганистанското општество, доколку такво нешто постои.

Хади1121 забележува дека многуте прашања околу етничките малцинства на некој начин се одговорени од Авганистанската верзија на шоуто „Американски идол“:

Можеме цел ден да зборуваме за тоа како разните етнички заедници се сега застапени во парламентот или Владата, што постигнале и/или изгубиле, но она што е фактичко е дека различните групи едноставно не си веруваат и во одредени случаи не си се допаѓаат. Сè уште гледаат на другиот како на некој што е подготвен во секој момент да ги лиши другите од нивните права и постоење. Без разлика дали станува збор за претседателските, парламентарните или локалните избори, или изборите за Авганистанската ѕвезда, на кандидатите повеќе се гледа како на претставници на нивните групи и племиња отколку како на индивидуални уметници кои се натпреваруваат со нивниот талент.

На крајот, Кабулистан пишува за еден уметнички проект кој привлекува внимание во Холандија поради сè поголемиот број на зависници од дрога.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.