Француски муслимани: Од колонизација до државјанство

Во време кога франкофона Африка ја слави 50 годишнината од својата независност од Франција или Белгија и со несмирениот татнеж на дебатата за „национален идентитет“ како позадина, новата генерација француски креатори на документарци одлучија да се справат самите со себе, како муслимани и француски државјани, што значи да се биде двете во секуларна Франција. Mуслимани од Франција [француски] беше пуштен на францускиот канал Франс 5 на 23 февруари. Во видеото подолу, Карим Mискè, еден од директорите, најпрвин појаснува како тие ги дефинирале „Француските муслимани“ (француски):

Тој, исто така, потсети на една статија на веб-сајтот Rue89, Mамо, што е тоа муслиман?, како тој самиот открил дека е „различен“:

1972. Имав осум години и живеев во Париз. Еднаш неделно во мензата, бевме послужувани со кисела зелка. Го мразев тоа, а жените … злобно ме погледнуваа, коментираа … Не разбирав.

Една вечер, ја прашав мајка ми, која рече дека нешто многу чудно: жените ми се лути, бидејќи мислат дека нема да јадам свинско месо поради мојата религија.

Блогерите во Франција реагираа на новата перспектива и темелната истрага.

Блогерот Ménilmontant, mais oui madame… го поздравува перформансот:

[ТВ станица] Франс 5 на 23 февруари емитуваше со релативно добра публика меѓу … Француските муслимани. Гледајќи ги сите три дела … можеше да биде премногу за некои. Околу 400 000 гледачи од 20 часот и 35 минути скоро до полноќ …

На Твитер @FreeBEEz рече дека овој успех се должи на фактот што е:

Добар француски документарен филм за муслиманите, по дебаклот на #identitenationale (националиот идентитет). Одлична приказна, детална анализа #mdf

Блогерот Med’in Marseille пишува :

Франција не може да ја избегнува сопствената историја, а муслиманите се дел од неа. Но, што значи „да се биде муслиман во Франција“…

За да одговори на ова прашање, документарецот е поделен на три дела, како што пишува Oливие Барле на Africultures.com :

Сите три филма следат строг редослед … три наслови за да се одвива приказната: Локални жители (колонијализам: 1904-1945), Имигранти (пост-колонијализмот: 1945-1983), Французи (од 1983).

Med’in Marseille ни кажува повеќе:

… Историска епска новела за повеќе од 100 години, почнувајќи во 1904 година … кога првите слики станаа кинематографски употребливи, но и доаѓањето на првиот бран работници, до 2007 година …кога Рашида Дати, Рама Јад и Фадела Амара беа назначени во владата.

Овој документарец го опишува Муслиманот како „граѓанин“, едноставно „Французин“ …

Документарецот го покажува „Муслиманот“ како социолошки „елемент“, „категорија“, а не религиозен „ентитет“. …

… Земајќи ги предвид сите муслимани, или оние кои се сметаат за такви, иако атеисти, агностици или едноставно непрактиканти.

Оливер Барлет од Africultures.com објаснува повеќе:

… Сетете се … кога започна северноафриканската миграција: од крајот на 19 век, работниците од Kaбилија учествуваа во изградбата на областа и илјадници алжирски и марокански работници беа регрутирани во рудници на Pas-de-Calais. … Ентузијазмот на францускиот народ за африкански војници од Големата војна … Филмот го покажува напорот на војниците да ги почитуваат сопствените обичаи (храна, погребни ритуали, места за поклон), но исто така како беа наредени во низа за да спречат каков било контакт помеѓу Французите и локалните жители.

… Тоа двојно чувство на љубов и омраза, ќе биде и сè уште е врска која трае, врска која јавноста ја открива со вчудовидување, иако повеќе од 400 000 Северноафриканци ќе го преминат морето помеѓу 1921 и 1939 година. Токму во Франција ќе се појават повеќето националистички лидери, во контрадикторни односи со Франција, земја со окупаторска власт, а не само со вредности и знаење.

... ”Мarche des Beurs” во 1983 ги докажа не само корените, туку и врската меѓу децата на имигрантите и Харки, кои се соочуваат со истата дискриминација и кои имаат заедничка култура. … Староседелците се сега Французи.

Конечно, избор на пораките во живо на Twittter во текот на емитување кога луѓето ги изразија своите чувства:

@cduportlawyer ние научивме многу од овој документарец. А сепак, никогаш не сум пропуштил час по историја… #mdf

@Donjipez приказната за војната со Алжир е комплицирана. Веројатно подлога за многу нешта #mdf

@megaconnard ниту еден филм не ме довел до корените како овој, а не сум Муслиман #mdf

@foued делот со Рашида Tаха и Carte de Sejour беше … запрепастувачки. Осумдесетти, Арапите се закон 🙂#mdf

@motazaline B.Coquatrix „Пред да одат во Мека, муслиманите треба да го видат Umm Kulthum“ Франс5 #mdf

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.