Светскиот ден на водата жубори низ видеозаписите

Откако се одржа Конференцијата на ОН за животна средина и развој во Рио де Жанеиро на 22 март 1992 г., тој ден секоја година се одбележува како Светски ден на водата. Освен тоа, Обединетите нации ја прогласија оваа година за Меѓународна година на чистотата и луѓето од целиот свет започнаа да делуваат земајќи ги нивните видеокамери в раце, подигнувајќи ја свеста за важноста на овој ограничен ресурс.

Прво, тука е проблемот со обезбедување на чиста вода. Целта на програмата на Аман Иман „Водата е живот“ е да овозможи постојани извори на вода за еден од најсиромашните региони во светот. Работата е фокусирана на долината Азавак во Западна Африка, каде што нема вода 9 месеци во текот на годината, каде што луѓето умираат од жед, бидејќи не можат да најдат доволно вода за пиење. Следува видеозапис на англиски јазик, во кој основачката на Аман Иман – Аријен Киртли зборува за нејзиното искуство во регионот Азавак на Нигер, зошто ја основала програмата и како успеала да ги придобие студентите да се придружат на нејзината кауза.

Потоа, од специјалниот сегмент на Д Хаб на Уитнесес за Светскиот ден на водата: Видео волонтери во Мумбаи прикажаа сегменти од проектот за приватизација на водата во сиромашните квартови, кои откако и беа претставени на заедницата имаа големо влијание врз гледачите, бидејќи тие потоа покажаа огромен интерес да присуствуваат на владините состаноци за водата со цел да бараат транспарентност во процесот на приватизација и трошоци, што резултираше со подобрување на дистрибуцијата на вода. Следува видеозапис на хинди со англиски титл.

Во Мексико, многу корисници од Џалиско почнаа да објавуваат видеозаписи за загадувањето на реката Лерма Сантијаго во Ел Салто и Хуанакатлан во Џалиско, Мексико. Аудио снимката во прилог на видеозаписот Буитрон2611 [es] со пенливи води и мртво зеленило, содржи коментари на луѓе кои зборуваат за тоа како Владата продава парцели земја веднаш до загадената река што е поврзано со случаите на рак, иако Владата негира дека постојат опасности по човековото здравје. Видеозаписот на Имдекагва [es] содржи интервјуа со пациенти болни од рак и членови на семејствата на болните, и сите тие ја обвинуваат загадената река за случаите на рак и други системски заболувања. Познато е дека фабриките и градот Гвадалахара испуштаат отпадни води во оваа река, но се уште ништо не е сторено за тоа да се регулира. Изматената пена во слапот кој се наоѓа во центарот на градот е импресивна глетка, а парчињата пена кои се разлетуваат и се лепат на автомобилите се доказ за тоа колку може да биде опасно живеењето во близина на реката. Дури и учениците од средните училишта [es] направија свој видеозапис, на кој прикажуваат како луѓето ја користат оваа смрдлива вода за пиење и наводнување на посевите и покрај тоа што е загадена. Следува краткиот видеозапис качен од алетапатио [es] на кој може да се види дебелиот слој пена што ја прекрива реката.

Доколку сакате да дознаете повеќе околу проблемите со водата и да видите повеќе видеозаписи за можните решенија на овие проблеми, може да го видите аквадуктот на 1х2о.орг, кој користи човечка енергија и има двојна функција -резервоар и пречистувач на вода со „лајфстроу“ филтер за пречистување, решенија кои ме потсетија на инвентивноста што претходно ја има видено кај Плејпамп – детска играчка која испумпува вода во резервоар.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.