Бангладеш: Страдањето на домородното население

Објавата е дел од нашата специјална репортажа за Правата на домородното население.

Во Бангладеш има повеќе од 45 домородни племиња (адибаши) од кои 11 живеат во Читагонските горни подрачја. Остатокот се распрскани низ другите делови во земјата. Многу од нив не живеат добро. Секојдневно дел од нив се дискриминирани, угнетувани и злоупотребувани.

Извештајот на фондацијата Капенг и Оксфам насловен како „Ситуацијата со човековите права на Адибашите – 2011“, открива дека минатата година насилните и расни судири поврзани со земјишни спорови резултирале со палење на 111 домови на членови на домородните племиња. Неколу луѓе од племето биле убиени, a 12 куќи биле ограбени. Единаесет жени од племето биле силувани во различни инциденти, а пет од нив биле убиени.

Tribal indigenous people of Bangladesh. Image by Anwar Hussain, copyright Demotix (9 August, 2010).

Домородци од племињата во Бангладеш. Слика од Анвар Хусеин, авторски права Демотикс (9 август, 2010).

Митхушилак Мурму коментира за мотивацијата на овие напади:

Се чини дека нашите соседи, поголемите заедници се под влијаниe на дискриминирачки мисли. Световното размислување и анти-дискриминирачките и сеопфатни ставови на таткото на нацијата Бангабандху Шеик Мујибур Раман се потиснати од неговите следбеници. Домородното население постојано е исплашено, живеат во страв.

Малобика Тудо вели:

Децата од племето првите зборови ги учат на Бангла, кој не е нивен мајчин јазик. Изгледа дека никој во земјата не се залага за нивните права.

Ајал Деван дојде во Дака од Читагонските горни подрачја да студира. Тој на блогот за Адибаши Бангла (Домородни Бенгалци) пишува како се соочувал со проблемите поради неговото племенско потекло:

Многу од моите искуства во досегашниот краток живот се лоши. Но, меѓу најлошите се малтретирањата поради мојот невообичаен изглед и јазик. Келнерот во ресторанот ми се мурти доколку пејам песна на мојот јазик, а на улицата се соочувам со истите последици. Ако пејам или рецитирам на бенгалски јазик, тогаш нема проблем. Изгледа дека е злостор да се зборува на мојот јазик.

Нема здивнување ниту на факултет. Моите соученици мислат дека ние јадеме змии и жаби поради тоа што живееме на ридовите. Постојано морам да одговарам на прашања дали јадеме бубашваби или спиеме во куќи на дрвјата. […]

Антони Реман има слични искуства:

Не малтретираат кога одиме по улиците. Посебно домородните жени со светла кожа како нас највеќе се соочуваат со проблеми. На улиците ни се муртат и не нарекуваат сeкако, не задеваат и малтретираат. Дали знаат колку тоа не повредува?

Од објавите на Ајал Деван и Антини Рема, можеме да го почувствуваме начинот на потиснување со кој се соочуваат луѓето од домородните племиња. Ова не му се случува само на домородното население од ридовите – сите останати племиња во земјата имаат слични приказни.

Најголем мотив за нивно потиснување е потребата да се одземе и окупира нивната земја и домови. По посета на едно племе во северен Бангладеш новинарот Биплоб Рахман во една статија напиша:

И ден денеска малцинството Сантал племиња во Бирганџ, Чирир Бандар, Фулбари и Набабгањ од Динајпур Зила продолжија да ги губат своите имоти од окупаторите. Речиси 500.000 домородни Сантали не поседуваат речиси ништо откако изгубија се со текот на годините.

Од друга страна, по неговата посета Митхушилак Мурму пишува за состојбата на работниците од домородните племиња кои работат во градините за производство на чај во Силхет:

По напорниот ден работа, тие добиваат плата од 35 американски центи дневно. Рано наутро започнуваат со собирање на ливчињата чај, ги полнат садовите од бамбус, и продолжуваат додека вечерта не ги однесе во фабриките. […] Цената на чајот секојдневно расте, но не и нивните бенефиции и плати.

Страдањата на дискриминираните, злоупотребуваните и потиснуваните домородци беа зголемени со забелешката на Министерката за надворешни работи во земјата. Пред неколку месеци во дискусија со делегатите на организациите за развој и дипломатите таа изјави „нема домородно население во земјата“.

Според неа, бидејќи во изминатите векови неколку племиња од соседните земји се доселиле во земјата, тие не треба да се сметаат како домородно население туку како малцински племиња. Домородните племиња бурно реагираа на оваа изјава и излегоа да протестираат на улиците барајќи си ги своите уставни права.

Indigenous people of Bangladesh are demanding constitutional recognition in Dhaka. Image by Abu Ala, copyright Demotix (29/4/2011).

Домородно населени од Бангладеш бара уставно признавање во Дака. Слика од Абу Ала, авторски права Демотикс (29/4/2011).

Одонг Чакма на блогот Мукто Мона зборува како еден постер на домородното население на Меѓународниот аеродром во Дака (Хајрат Шахјајал) е променет. Бела врвка беше ставена на натписот под сликата „насмеани домородни жени од Читагонското горно подрачје“ кој сега гласи „…жени од Читагонското горно подрачје“.

Блогерот вели:

Можете ли да го избришете домородното население со тоа што сте им го избришале името?

Можеби се споменува дека иако домородното и Бенгалското население живееле зaедно со векови, по поделбата на Индија (во 1947), муслимански доселеници почнаа да се населуваат од Индија во Читагонските горни подрачја. Судирите започнаа од таму, но беа стопирани во 1979 кога владата спроведе програма за доселување на речиси половина милион луѓе на земјата на домородното население.

Рамдашанд Хасда за ова вели:

По стотици години поминато заедничко живеење, Бенгалците и домородното население не можат да бидат пријатели.

Објавата е дел од нашата специјална репортажа за Правата на домородното население.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.