Виртуелен хор: Технологија, соработка и музика

Фотографија од karenthephotog, CC-By

Фотографија од karenthephotog, CC-By


Композиторот Ерик Витејкр
, откако на YouTube виде едно видео на еден млад сопран кој ја пееше својата песна „Sleep”, почна да се запрашува: што ако би можел да најде луѓе, без разлика каде и да се наоѓаат низ светот, кои ќе се снимаат себеси да ги пеат останатите делови од неговото вокално дело за хор? Така и направи и во продолжение можете да ги видете различните резултати од овој голем експеримент за онлајн соработка со Виртуелниот хор.

Во видеото Како е тоа направено, го објаснува не само процесот на последното повторување на неговиот проект, но исто така и претходните експерименти во прилагодувањето на виртуелниот хор. Во првата фаза, побара од пејачите да купат една конкретна музичка композиција и да се снимаат себеси дури пеат без инструментална придружба. Скот Хејнс, со кого се имаше сретнато само еднаш во минатото, се понуди да го продуцира делото. Еве го резултатот:

Одушевен од резултатот, реши да го направи истото уште еднаш, но овој пат ја направи композицијата да звучи уште повеќе како вистински хор:

И така, овој пат, направив сопствена диригентска снимка, ја снимив во тотална тишина, слушајќи ја во мојата глава само музиката. Потоа го гледав видеото и ја свирев диригентската снимка во делот кој е за придружба на клавир… Потоа ги понудив нотите за слободно симнување. Кога пејачите почнаа да ми ги испраќаат индивидуалните снимки, објавив „аудиција“ за солото за сопран.

Наредното видео ги покажува упатствата кои Ерик Витејкр им ги објави на сите учесници. Содржат совети околу тоа како да се изведува делото, објаснувања за динамиката на снимањето и диригентската снимка каде Ерик диригира со хорот:

За виртуелниот хор, 128 луѓе, претставници од 12 различни земји меѓу кои и Аргентина, Нов Зеланд, Филипините, Сингапур и Шпанија испратија 243 снимки од хорското дело „Lux Aurumque“, за кое повторно помогна Скот Хејнс во делот на продукцијата.

Г-динот Витејкр го напиша следното за завршеното музичко дело:

Кога за прв пат го видов обработеното видео, се расплакав. Интимноста која се гледаше на сите лица, звукот на пеењето, очигледниот поетички симболизам во врска со човечноста која ја споделивме и нашата потреба да се поврзуваме; сето тоа сосема ме обзеде. И морам да кажам дека голем дел од заслугата за убавината на видеото е на Скот Хејнс, кој помина неброени саати за продукцијата и дотерувањето на видеото. (Патем речено, Скоти и јас се сретнавме во „вистинскиот свет“ само еднаш, спротивно на 99% од учесниците во Виртуелниот хор, со кои се сум се сретнал никогаш).

Да се надеваме дека Виртуелниот хор ќе продолжи да се развива и да станува поголем!

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.