Узбекистан: Блогирањето негува слобода на говорот

Неодамна, Стејт Департментот на САД го рангираше Узбекистан помеѓу “првите десет” најавторитарни држави на светот. За време на дури десет декади од своето владеење, претседателот И. Каримов и неговиот клан превземаа контрола во сите сфери од животот на земјата – политички, економски и социјални. Цивилното општество, кое се појави и се развиваше во земјата по колапсот на Советскиот Сојуз, го почувствува остриот притисок од режимот на Каримов, особено после настаните во Андијон во 2005 кои резултираа со меѓународни санкции за Узбекситан. Државата има полна моќ над главните медиуми во државата. Иако Каримов во своите јавни говори се повикува на демократски вредности, во државата нема слобода на говорот. Како и да е, денес, гласот се пренесува преку нов медиум – блоговите.

Еден од таквите сајбер –активисти е Герчик, кој во својот блог дискутира за социополитичките проблеми во земјтата. Во неговиот последен пост, Герчик пишува за причините зошто луѓето може да го напуштат Узбекистан и дава листа на виталните социјални проблеми од кои страда неговота заедница [ru]:

  1. Исклучување на електричната енергија во градовите по две и повеќе недели, дури и за време на празници. Причина: дезорганизација во работата на персоналот на Државниот оддел за Електрична енергија, кој врши наплата за струја. Како врв на тоа, тие земаат мито за “враќање“ на струјомерите назад.
  2. Снабдувањето со електрична енергија е лимитирано на 4 часа дневно во руралните средини;
  3. Има огромен недостаток на природен гас за широка употреба, и покрај фактот дека државата е богата со природен гас;
  4. Еден просечен Узбекистанец не може да го прехрани семејството работејќи во Узбекистан, па луѓето се приморани да станат работници мигранти;
  5. Едно просечно Узбекистанско семејство не е во состојба да ги плати комуналните услуги;
  6. Државните функционери се доволно дрски да објават лага дека еден просечен граѓанин Узбекистанец заработува 200 USD месечно;
  7. И овие државни функционери се повторно реизбрани до трет мандат!

Постот, кој ја рефлектира реалноста во повеќето делови на Узбекистан, предизвика многу коментари од други луѓе, кои страдаат од истите проблеми. Еден таков коментар вели [ru]:

Јас живеам во предградието на Ташкент [главниот град]. Исклучувањата на топлата вода и гас беа редовни за време на целата зима. Електричната енергија беше кратена повеќекратно во текот на еден ден… Моите родители живеат во Сирдарја. Тие немаа гас целата зима. Дури сега снабдувањето е многу слабо. Луѓето немаат пристап до вода за пиење во нивните куќи и мораат да одат далеку по вода.

Во еден друг пост, Герчик дава мислење за политиката во Узбекистан и им поставува прашање на читателите, кое првично беше поставено од страна на еден негов пријател, кој очигледно се обиде да ги оправда акциите на сегашниот режим [ru]:

Замислете си ситуација: сте си го граделе патот на кариерата многу долго време. Конечно, станувате претседател. Што ќе направите? Ќе се обидете ли да си го подобрите животот со здобивање енормни богатства и национални блага – големи луксузни куќи, автомобили од најпознатите светски брендови, јахти, куќи на морскиот брег и големи бизниси – или, ќе се обидете да ја смените ситуацијата во земјата на подобро со трошење на сите пари на, да речеме, развој на образованието во земјата?

Овој пост предизвика жешка дискусија меѓу читателите. Секој од нив го даде своето гледање на ситуацијата.

Тешко е да се одговори ова прашање. Зошто? Прво, јас никогаш нема да станам претседател. Второ, проблемот не е само во претседателот. Но, ако јас станам претседател, јас прво би се погрижил за себе. Кој би го направил спротивното? Претпоставувам никој.

Kорезм пишува за неодамнешниот собир на неколку стотици жени во центарот на Ургенч. Тие се жалеа за преселувањето на градскиот пазар во предградието, и за дистрибуирањето на продажните работи на ново место. Како што известува Коресм, протестантите побарале дијалог со гувернерот. Како и да е, кога тие се приближија до Хокимијат [градската административна зграда] беа сопрени од кордон на полицајци [ru]:

Толпата беше стопирана од кордон на Специјалните полициски единици… Иако жените не носеа оружје, полицајците носеа шлемови и панцири… Како резултат, толпата го попречи сообраќајот… Атмосферата беше напната. Едно озборување дека полицаец наводно истепал една од демонстрантките ја направи ситуацијата уште полоша… Имаше мобилни организирани штабови на Специјалните полициски единици во близина, кои, ако ситациајта се влошеше, ќе дадеа наредби за уште подрастични мерки…. Како и да е, полицијата успеа да ги подели протестантите во групи и најпосле да ја растера толпата до пладне… Демонстрантите одлучија да го адресираат својот проблем до локалните ТВ станици или до RFE/RL репортерите.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.