Сирија: Демонстрантите ги уништија симболите на владејачкиот режим

Постот е дел од нашата специјална репортажа за протестите во Сирија 2011.

Дел од секојдневието во Сирија се лицата на претседателот Башар ал-Асад и неговиот татко, претходниот претседател Хафез ал-Асад, коишто често се дел од билбордите, разните градби, а ги има и во форма на статуи. Посетителите на Сирија се изненадени од распространетоста на таквите слики, додека жителите на Сирија се навикнати на сликите кои веќе долги години се дел од нивниот живот. Вчера се појавија многубројни снимки на коишто демонстрантите ги демолираат симболите на режимот: постерите и статуите на владејачката фамилија Асад.

Ова е слика од Башар ал-Асад, фотографирана при посетата на Тартус во 2009 година која ги покажува годините во кои се планираат следните претседателските референдуми.

Ова видео, од корисникот 42Maher, е снимено во Дара и ги покажува демонстрантите како ја уништуваат статуата на Хафез ал-Асад:

Ова видео, од  42Maher е исто така од Дара и ни покажува како маж го уништува постерот на сегашниот претседател Башар ал-Асад, додека група набљудувачи го бодрат:

Протестите зафаќаат се поголеми размери. Сега се шират и во другите делови од државата. Во градот Хомс, демонстрантите го скинаа постерот на поранешниот претседател Хафез ал-Асад (видеото е преземено од thehawkofsyria):

И во Ариха, којшто се наоѓа во средината на државата, демонстрантите скандираат: „Долу Башар ал-Асад“ (видео преземено од sailor999999990):

http://www.youtube.com/watch?v=hiUOuLcpw4A&feature=player_embedded#at=61

Постот е дел од нашата специјална репортажа на протестите во Сирија 2011.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.