Борба помеѓу Greenpeace и Nestle за слободата на говорот

Во последните две недели зачестија дебатите за неодамнешната кампања на Гринпис (Greenpeace) против Нестле (Nestle) поради употребата на палмино масло, високоризичен, деструктивен ефект врз животната средина. Кампањата започна со поставување на видео на YouTube и објавено на главниот сајт на организацијата, во која еден вработен во канцеларија си јаде крваво чоколатце KitKat ,за да се долови идејата за ефектите од производот врз орангутаните.

Направи пауза? од Greenpeace UK на Vimeo.

Нестле реплицираше на критиките,побара и доби отстранување на видеото од YouTube. Реакциите и на оригиналниот клип и на одговорите на компанијата се преселија на групата на Нестле на Фејсбук, каде администраторите беа јасни дека негативните коментари ќе бидат отстранети и ги потсетија фановите дека е нелегална употребата на редизајнирано лого на компанијата. Блокирање на мејловите испратени до компанијата беше, исто така, споменато.

Целиот проблем предизвика многу критики за слободата на изразување во целина, но исто така и во однос на Нестле како компанија. Имаше и коментари од експерти за социјални медиуми кои сугерираат соодветни активности и преку традиционалните медиуми, но и на групата на Нестле на Фејсбук.

Во меѓувреме, случајот на Гринпис стана случај за пример за тоа како се води успешна онлајн кампања со инструменти со релативно ниска цена, во реално време, со активизам и креативни идеи.

Исто така, минатиот петок, друга нивна успешна кампања, AirPlot, го натера британскиот суд да ги стопира плановите за проширување на аеродромот Хитроу.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.