Авганистан: Прва блогерска работилница во Кабул

Авганистанската асоцијација на блогери (Авган Пенлог) ги надмина финансиските тешкотии и пречки од типот на прекините на струја и ја организираше првата блогерска работилница во својата историја. Работилницата се одржа во Кабул на 3-4 април, во соработка со Насим Фекрат и Масуме Ебрахими [fa], двајца активни авганистански блогери.

Afghan blogging workshop
Дванаесет новинари, учители и писатели научија како да направат текст блог, видеоблог,
фотоблог и добија корисни совети, како на пример како да користат РСС.

На крајот на работилницата, беа создадени неколку блогови на дари, пашту и англиски јазик.Фекрат изјави, „Очекувам многу барања од студенти на Универзитетот во Кабул и новинари кои сакаат да научат да пишуваат блогови, но финансиските проблеми остануваат главна пречка.“ Фекрат веќе размислува за организирање на втора работилница бидејќи треба да се сподели и пренесе повеќе знаење.

Nasim Fekrat at the Afghan blogging workshop
Насим Фекрат помага во одржувањето на работилницата.

Насим Фекрат вели [fa]:

Ова искуство беше многу корисно. Научив многу. Повеќето од луѓето кои учествуваа на оваа работилница беа новинари, академци, писатели и други кои можат да помогнат да се ревитализира нашата култура и интелектот во авганистанското општество кое се дави во досада. Организирањето на таква работилница беше една од моите цели веќе подолго време. Конечно, благодарение на Геомап и Масуме Ебрахими тоа стана реалност.

Afghan blogging workshop
Повеќе слики и извештајот на Граѓанското движење на Авганистан.

Манзара
кој на оваа работилница научи да блогира, пишува за користењето на интернетот за да се унапреди слободата на говорот и печатот.Моктар Педрам, новинар, го споделува [fa] своето искуство со нас:

Се плашев да влезам во светот на интернет и блогирање… Можеби тоа беше техничка бариера. Но оваа работилница од ден и пол ја промени мојата перцепција…Не би било вистина ако кажам дека сите мои проблеми со интернетот беа решени во овие два дена, но јас сепак одлучив да започнам свој блог, што докажува колку беше ефективна оваа работилница.

Сафех вели [fa] дека блогирањето е нова работа во Авганистан и дека академците и учителите тукушто ја откриваат.

Зартошт пишува [fa] дека таквите работилници би можеле да бидат најважниот чекор за новинарството во Авганистан.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.