Венецуела: Симпсонови не се повеќе добредојдени

Се чини дека владата на Венецуела не се грижи многу за шоуто на Мет Гронинг, “Симпсонови.” Американското ТВ шоу, многу популарно во последните десет години и повеќе, беше неодамна забрането на една од приватните мрежи во Венецуела, по наредба на владата. Наводно, агенцијата за контрола на медиумите примила некои поплаки затоа што се емитува во 11 часот претпладне. Се чини чудно што после декади популарност, некој може да се пожали на ова шоу во Венецуела. Како и да е, забраната дојде како ударна вест и стана скандал според јавното мислење, не поради тоа што се сѐ случи наеднаш, туку уште повеќе поради тоа што на негово место сега се емитува Бејвоч.

Актитјуд [es] изјавува:

Симпсонови се сметаа за многу дрски и затоа се прекинува нивно прикажување во Венецуела. Прашањето е зошто оваа одлука се донесува после толку време, бидејќи ова популарно шоу се емитува веќе долги години.

Од Аргентина, со “Блогус”, доаѓа едно поагресивно мислење:

Доволно беше Шавез! Неверојатно е како ти се трансформираш себеси во смешен и декадентен јунак од цртаните филмови, така што сите Социјалистички идеи станаа Сталинистички, ти го контролираш пресот, исто како што беше цензуриран за време на диктаторскиот режим. Доста беше! Ние, како Латино-Американци, знаеме што им се случува на оние кои веруваат за себеси дека се спасители на светот; тие треба да одговараат порано или подоцна. Нели ја научи лекцијата со референдумот на којшто загуби? Не, Шавез, не Симпсонови! Нели разбираш дека шоуто всушност го критикува Западното општество? Ако не сакаш стандардите на твоето семејство да бидат како оние на Хомер, дозволи им на општеството и на децата да одлучат.

Блогот Нотикиан у ентретенименто [es] исто така одговара:

Што?!?!Владината институција која ги регулира медиумите не убедува дека шоуто “има лошо влијание“ врз малолетниците.

Децата од Венецуела нема да можат да гледаат Симпсонови. Владата на Шавез ги присили да ги повлечат Хомер, Марџ, Барт, Лиса и Меги од телевизиската програма (приватна мрежа). Шоуто веќе доби своја замена: згодните спасувачи во црвени мокри костими за капење на Бејвоч (Ох! Ова ќе има добро влијание!)

Периодиста диџитал [es] вели:

Претседателот на Венецуела имаше храброст да се вмеша во телевизијата, за доброто на децата. Тој смета дека шоуто има “лошо влијание врз децата” и одлучи дека децата треба да се забавуваат со неверојатните деколтеа во Бејвоч, “помалку контроверзно” шоу.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.