Правата на жените во Пакистан

Пакистан, како земја во развој, треба да помине уште многу пат за да се изедначи со оние развиените. Иако бројот на жени надминува педесет проценти од вкупното население, за жал, сепак со нив се постапува лошо. На 8 март оваа година и во Пакистан се прославуваше „денот на жената“ како обид да се постигне промена во нивните животи со зрак светлина кој ќе ја осветли сите жени. Домашното насилство е сурова реалност со која се соочуваат пакистанските жени. Активистите кои работат на ова поле тврдат дека многу жени ги трпат ваквите ситуации само затоа што сметаат дека треба да им бидат верни на своите мажи и поради срамот од развод.

Бдеење под светлоста на свеќи за време на кампањата Бела панделка (White Ribbon) во Умеркот, Пакистан. Фотографија на CWGL објавена на Flickr, со лиценца на Криејтив Комонс

Бдеење под светлоста на свеќи за време на кампањата Бела панделка (White Ribbon) во Умеркот, Пакистан. Фотографија на CWGL објавена на Flickr, со лиценца на Криејтив Комонс

Според извештајот на невладината White Ribbon Campaign, пакистанските жени сè почесто се жртви на насилство. Секоја година во Пакистан, оваа бројка се зголемува. Според истиот извештај: „сексуално насилство на работното место, злоупотребување, силување и тепање, тоа е само дел од тортурата врз жените.“

Третина од пакистанските жени се неписмени и воопшто немаат концепт за реализација на сопствениот избор во животот. Полицијата честопати одбива да ги регистрира случаите на насилство, освен тогаш кога е тоа очигледно, а некогаш дури и судиите сочувствуваат со сопрузите.

Др. Фарзана Бари, директор на Центарот за родови студии на Универзитетот Куаид-е-Азам, изјави дека прославата на денот на тема на ОН: „Еднакви права, еднакви можности: напредок за сите“ изгледа како грешка кога „правата и можностите полека исчезнуваат од животот и на мажите и на жените и на децата.“

Можеби бараме еднаквост во насилството на полицијата кое го гледаме секојдневно на телевизиските канали? Еднаквост во поделбата на бруталноста на сопственикот на една фабрика, кој грабна, окова во синџири и малтретираше работник во Гујранвала? Сакаме да го споделиме понижувањето на хостесата во автобусот во Сиалкот? Сакаме еднаквост со судбината на Шазиа, младата куќна помошничка која беше измачувана до смрт?

Сана Селем на блогот the Dawn изјавува:

Општество кое се стреми кон прогрес мора да гарантира за човековите права, без никаква дискриминација. Насилството базирано врз родовата поделба само ја засилува неправдата и го загрозува здравјето, достоинството и слободата на жртвите.

Во пакистанскиот парламент се дискутира за предлог-закон за забрана за домашното насилство. Активистите за правата на жените и некои исламски правници се обидуваат да го реализираат. Останува да видиме кој ќе победи. Пакистанскиот блогер Baaghi се сомнева во ефикасноста на правниот систем, со оглед на тоа што не постојат цврсти закони кои ги штитат жените.

На крајот од краиштата, проверката на законите започнува со препознавање на чинот. Ако домашното насилство не е казниво, како може да се очекува казна од системот? Кога посипување човечко суштество со киселина не се смета за прекршок, како може да се надеваме дека ќе биде спроведена казна? И дури и ако некои од овие дела против човештвото се сметаат за прекршоци, нашиот скапан систем одбива да признае дека некогаш воопшто се случиле.

Пакистанските жени можат да ги постигнат своите цели подржувајќи се една со друга. Едукацијата на жените придонесува да станеме свесни за тоа што им се случува на жените во целиот свет, тоа е важен чекор кон подобрување на ситуацијата. Изненадува фактот дека жените мораат да прават некои работи само затоа што се жени. Никој не може самиот да го смени светот, но ако многумина направат барем малку можат да се надеваат на промени во општеството. Нациите кои го толерираат лошиот однос кон жените треба да знаат дека се набљудувани. Голем дел од владите во светот се раководени од луѓе кои немаат намера да променат ништо, освен ако луѓето не го кренат својот глас.

Еве што можеме да направиме ние:

  • Да се едуцираме
  • Да поддржуваме организации кои работат на промоција на женските права
  • Да се организираме и да ѝ дадеме на знаење на нашата власт дека сме свесни за она што се случува во светот и дека ние тоа нема да го дозволиме
  • Да им пишеме на странските амбасади за да можат да ни помогнат околу подигањето на свеста за овие прашања
  • Да работиме на подигањето на свеста кај луѓето
  • Да се информираме за проблемите
  • Да пишуваме за нив
  • Да зборуваме за нив

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.