Судан: Измама за време на изборите фатена на видео?

Видео на кое е прикажана измама на изборите во Судан кружи на интернет. Суданската национална изборна комисија го отфрли видеото како лажно. Видеото прикажува како службениците на изборите ги полнат избирачките кутии. Опозициската група тврди дека видеото ги докажува нивните тврдења за местења од страна на владејачката партија Национален конгрес (NCP).

Блогот Save Darfur известува:

И BBC и Вашингтон пост (преку Ројтерс) известуваа за видеото – моментално прикачено на интернет – кое ни беше испратено од активисти од Судан. Снимката прикажува индивидуалци облечени како изборни службеници како полнат избирачки кутии, најверојатно во суданската членка Црвено море. Иако содржината не може да се потврди, а тука постојат и други добро документирани случаи на изборни неправилности, ова може да е првиот видео доказ за местење.

Важно е да се напомене дека на Националната изборна комисија (NEC) го отфрли ова видео како лажно, и одлучи да не го испита инцидентот.

На Ethiopia Current Affairs Discussion Forum (ECADAF) се одвива дискусија околу видеото:

Како изборната комисија го прогласи видеото за лажно пред да го истражи?

Како изборната комисија прогласи таква снимка за лажна пред да ја истражи? Зашто тие го блокираа YouTube ако навистина е лажна? Ова повлекува повеќе прашања….

Тејт вели видеото е прирачник како да наместите избори:

Водич за тоа како да наместите избори! Судански стил! Овие момци мора да земале по некој совет од EPRDF.

Aklilu не е изненаден бидејќи изборните местења се чести во Африка:

Ова е често случување во Африка! Немојте да бидете изненадени ако на мајските избори во Етиопија не се случи истово како на видеово, немојте! Не е некое ново случување во Африка. Weyane harnet веќе покажа како да се наместат избори.

Време е да се разгледаат изборните системи во светот, тврди Alaqib:

Дали е време да го разгледа целиот систем на избори и демократија во светот? Погледнете каде и да има избори се зборува за местење: Иран, Ирак.. па дури и во САД итн.

Копија од видеото поставено тука исто така покрена дебата во делот за коментирање.

NitroEthiopian прашува, “Што очекувате? Ова е Африка”:

looool Што очекувате? Ова е Африка! Трагичното е што Ал Башир ќе ја прогласи победата. Потоа тој ќе ги убие луѓето што ќе протестираат и ќе ги етикетира како бунтовници. И потоа Обединетите Нации ќе го прекоруваат Ал Башир. Потоа САД, како најпаметни, ќе го осудува Ал Башир и после месец дена, се ќе биде заборавено. И остатокот од светот ќе си продолжи понатаму. Освен ако диктаторите се напаѓаат секојдневно, тие ќе продолжат да убиваат.

Според MrPortsudan видео покажува колку се очајни опозициските политичари:

ok Mr го погледна другиот клип каде што камерманот ги организира луѓето, што ќе кажете на тоа, второ луѓето од тие области немаат врска со владеењето на правото и се обложувам со сите тука, ако ги запрашате овие луѓе за тоа тие ќе признаат и ќе ви кажат што ќе преземете околу тоа. И последно, како ќе соберете докази и како ќе бидете дел од криминалот?? Покажува колку е очајна опозицијата. Се обложувам овој клип во оддалечениот источен Судан, ќе кружи на интернет, сега опозицијата ќе може да слави lol

Tabiatomdurman верува дека видеото е автентично:

Ова е апсолутно вистинито видео. Ова е направено со мобилен телефон. Нема друго објаснување. BBC, Вашингтон пост и CNN знаат што прават. Морате да имате 10 луѓе за да направите видео како ова без грешки и без никој да погледне во камерата. БАШИР Е ГОТОВ. Ова од вчера е огромен скандал.

mohdd2 се запрашува за автентичноста. Тој го поставува прашањето: Како никој не забележува дека некој ги снима пред нив на дневна светлина?:

Како никој не забележува дека некој ги снима пред нив на дневна светлина? Само идиот како BBC ќе поверува на ова или пак дали се надеваат дека тие ќе му дадат само кредибилитет и покрај тоа што тие знаат подобро.

MrNobody808 одговори:

Лесно е да се прави со мобилен телефон. Дури и полесно со скриена камера. 🙂

MrNobody808 повторно:

Или пак бил подржувач на опозицијата тој што го снимил криминалот. Или пак бил некој што е толку згаден од измамата, што решил да собира докази. Постојат многу причини. Не брзајте да го отфрлите ова како измама.

mohdd2 со лесен допир:

Овие членови од нашата партија се идиоти > Им реков да ги наместат изборите но заборавив да ги предупредам да не го снимаат тоа за на YouTube!
Колку глупава измама и глупавите BBC поверуваа и го ставија тоа на нивната насловна страна.

Изборите во Судан од 2010 година се први мулти-партиски избори во земјата по 1986 година.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.