Либан: Паркинг служба

Паркинг службата обезбедува луксузна услуга и ВИП третман за клиентите. Но тоа не е повеќе така во Либан, каде што тоа стана толку раширена пракса па сега е присутно дури и во киосците за брза храна и саемите за вработување на кои одат млади невработени луѓе, кои бараат работа. Муса Башир следи што велат блогерите за овој феномен.

Паркинг службата е услуга која вообичаено ја нудат елитни ресторани и клубови, при што возилата на муштериите ги паркира лице задолжено за тоа. Ова е спротивно на само-паркирањето при кое муштериите сами си ги паркираат возилата. Паркинг службата е наменета за обезбедување луксузна услуга и ВИП третман за клиентите. Но тоа не е повеќе така во Либан, каде што тоа стана толку раширена пракса па сега е присутно дури и во киосците за брза храна и саемите за вработување на кои одат млади невработени луѓе, кои бараат работа. Блогерите размислуваат на оваа тема; од шпекулации дека наскоро можеби ќе имаме паркинг служба во бакалниците, до гласини дека мрежата од „паркирачи“ се дел од една маскирана војска поврзана со некоја секташка партија која се подготвува за какви било конфронтации кои би можеле да избијат. Еве два осврти на оваа тема:

Џамал пишува за оваа тема „за која би можеле да се направат многу дисертации.“ Тој вели, на пример, дека „може да се проучува Фројдовото толкување на радоста од фрлањето на клучевите“ и продолжува во својот напис да ги опишува најчудните места на кои има паркинг служба:

Либан патеше од масовен одлив на мозоци откако опозицијата дојде на власт, или тоа се случува од војната во Јули? Атентатот на Харири? Откако Харири дојде на власт? Лозана? 1982? 13 април? Спогодбите од Каиро? Втората светска војна? Мојот прадедо беше во Куба кон крајот на векот па да речеме дека луѓето веќе одамна бегаат од овој планински појас. Еден произволен примерок од младите ќе ви каже дека добар дел од оние кои си одат, всушност го прават тоа поради недостигот од добра, исплатлива работа.

Форврд Форум е саем за работа кој се организираше минатиот викенд во БИЕЛ. Илјадници млади невработени лица побрзаа да се обидат да најдат работа која би ги задржала во земјата. Занимања кои веројатно не би биле доволни за отплаќање на хипотеки, но со кои барем би ги покривале трошоците за храна; скромни амбиции за дипломирани студенти.

Форврд Форум имаше паркинг служба која би им заштедила на овие дваесет годишни момчиња не повеќе од педесетина метри пешачење, но сепак стотици од барателите на работа повеќе преферираат да платат повеќе за луксузот со фрлањето на клучот.

Џозеф Ел-Кури навлегува подлабоко во опишувањето на индустријата на паркинг службите која цвета во Либан како и момчињата што паркираат, нивната мрежа па дури и нивната униформа:

Додека светската економија тоне во рецесија, една индустрија продолжува да вирее во земјата на кедарот. Скорешната контроверзија околу ноќниот живот во квартот Гемајзи во Бејрут е доказ за тоа орда млади луѓе во темни униформи и капчиња за бејзбол може да преземат цело маало со единствена цел… да ви го паркираат автомобилот.

Овој феномен можеби им се чини целосно непознат на странците кои не би се осмелиле да седнат зад воланот после неколку пијачки. Но со недостигот на јавен превоз и отсуството на конзистентно спроведување на законот возењето во алкохолизирана состојба е норма навечер. Кога ќе земете предвид дека просечниот млад Либанец е благословен со возило на нежната возраст од 17 години обезбедувањето лесен пристап и простор за паркирање станува приоритет за која било институција во конкурентната околина на ноќниот живот во Бејрут.

Влезете во Валет! За неколку долари овој млад човек (поубавиот пол сè уште не е застапен во оваа професија но со оглед на досегашните искуства станува збор само за прашање на време) ќе ви даде чувство на сигурност и почит додека уживате во поубавите работи во животот, се надеваме во соодветно друштво.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.