Сирија: Љубов во време на тиранија

Овој напис е дел од специјалната серија на написи од блогерката и активистка Марсел Шеваро во кои ги опишува реалностите на животот во Сирија за време на вооружен конфликт помеѓу силите на моменталниот режим и оние кои сакаат да го соборат.

heart_gaming_by_zedlord89-d5vpeed

Гејминг на срцето. Фотографија од deviantART корисникот ZedLord-Art (CC BY-SA 3.0)

Тие од првиот ден ми кажаа дека нејзиниот сопруг е во затвор, и дека песните кои ги имам навика да ги пејам може да ја активираат нејзината тага. Не бев неверојатно потресен од тоа. Се навикнавме да слушаме за фамилии на затвореници, како да е нормално, во Сирија на Асад, да бидеш затворен, и оние надвор од затвор – или кои се сметаат себеси за такви – се исклучоците. 

За време на една вечера, најверојатно за да ја запознаам подобро, на само ја прашав: „Зошто го затворија твојот сопруг?“

„Бев уапсена на контролниот пункт на Четвртата оклопна девизија на патот од Дарја до Дамаскус. Кога му кажав на мојот сопруг, лудиот ја довозе својата кола до контролниот пункт за да прашува за мене, по што го уапсија и него,“  ми објаснуваше таа, избезумена од тага.

Таа воздивна, и продолжи да објаснува: „Немој да претпоставуваш дека тој го направи ова за да го докаже својата мажественост. Мојот сопруг ме сака многу. Нашиот брак се базира на љубов.“ Нејзините очи светкаа од срамежливост.

Се најдов себеси принудена да ја прашам за силата на таа љубов што би го натерала човек да дојде до контролен пункт на четвртата оклопна девизија, која е управувана од Mахер Ал Асад, помладиот брат на претседателот, и која е позната по својата бруталност и суровост. 

Се трудев да ги сокријам своите емоции додека ја прашував дали некогаш успеале повторно да се видат после тоа. 

Таа одговори со насмевка, разбирајќи ја мојата адолесцентна радозналост: „Не ни знаев дека и тој е уапсен додека не го видов еден месец подоцна. Се најдовме во истото возило што не пренесуваше нас затворениците од една до друга локација. На него се гледаа очигледни знаци на тортура. Иако чуварот му забрани да разговара со мене, тој храбро продолжи да ме прашува како сум. Едвај можев да му покажам дека сум добро, кога чуварот повторно му викна. Од тој ден, пред околу 9 месеци, не сум го видела ниту слушнала. Не знам ни каде е.“

Мислев дека ја разбрав нивната љубов, кога таа ме изненади велејќи: „После неколку месеци затвор и тортура, за време на што мислев на него и нашите деца, откако бев ослободена, без да барам совет од било кого, тајно отидов во канцелариите на воздушна безбедност во Дамаскус.“

Зачудена од нејзината изјава, не можев да одолеам да и викнам: „Воздушна безбедност? Зошто би го направила тоа? Дали си ти луда?“  

Нејзините очи се замаглија од солзи. Таа продолжи: „Слушнав дека мојот маж е можеби таму, затоа отидов да прашам за него. Побарав да го пуштат. Викав. Но тие се заканија дека ќе ме уапсат и мене, тогаш помислив на нашите деца и се вратив дома. Кога мојата фамилија дозна што сум направила, тие беа толку загрижени за мене што ме натераа да се преселам во Либан со моите деца.“

“Но јас не можев да живеам во Бејрут. Тоа е толку далеку од Дамаскус. Живеам близу до границата и моите очи едвај чекаат да се вратат дома. Моли се за него, Марсел. Моли се дека е сеуште жив и дека ќе го преживее ова.“

На шала ја прашав: „Ќе не поканиш на забавата?“

Таа одговори, со надеж во својот глас: „Се разбира!“

Кога и да разгледувам детали од насилство, крв и смрт во Сирија, налетувам на неверојатни љубовни приказни, кои растат храбро и тврдоглаво како ружа, безразлика на сета плевел и трња кои се обидуваат да ја задушат. Има љубовни приказни во ходниците, кои им пркосат на снајперите кои го делат овој град на два дела. Има љубовни приказни помеѓу градот и бегалските кампови, и градовите на турската граница. Има и вооружени бунтовници од Слободната сириска армија со девојки кои не можат да ги видат додека не падне режимот. 

Ова значи да се живее на работ. Ја допирате смртта и се шалите со неа додека се борите за живот, додека ги барате насмевките на оние кои ги сакате.

Мојата пријателка, хероината, ме примети како мечтеам додека си играм со ѓерданот кој ми го подари човекот кој го сакам. Таа ги прекина моите мисли: „Која е неговата приказна?“ Јас искрено и одговорив: „Мислам дека заслужува некоја подобра од мене. Најмалку што заслужува е девојка која не може да замисли да биде киднапирана од смртта и бркана од анксиозност. Заслужува девојка што поседува оптимизам и стабилност за во иднина, врз што ќе може да гради фамилија.“

Таа ми се насмеа на мене и на блесавоста на моето размислување: „Дали мислиш дека мојот маж ќе ме сакаше кога би била помалку револуционерна?“ ме праша. Се засрамив дека треба да одговорам на прашање за кое не го знам одговорот. 

Љубовта не лепи за нашата земја, нашата иднина и слобода. Во спротивно, нашите животи би биле уште потешки, исполнети само со одмазда и омраза.

Со нашата љубов кон Сирија и оптимизмот за подобро утре, ќе ја надминеме тиранијата и опресијата. Ние ќе победиме. 

Марсел Шеваро блогира на marcellita.com и твита на @Marcellita, двете воглавно на арапски. Прочитајте ги написите од оваа серија тука, тука, тука, тука, и тука.

 

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.