Кавказ: Камп за социјални иновации

Khanim

Иако пенетрацијата на Интернетот во Јужен Кавказ  останува на ниско ниво, сите индикации покажуваат дека новите социјални медиуми имаат се поголема улога во областа на демократизацијата и активизмот во регионот.  Имајќи го тоа на ум, Фондација Отворено Општество – Грузија (OSGF), Институот за јавни работи на Грузија (GIPA) и другите донатори го организираа првиот Камп за социјални иновации во Тбилиси, Грузија на 8-10 април како настан кој се одржува паралелно со конференцијата Социјалните медиуми за социјални промени.

Кампот за Социјални иновации е за решавање на социјалните предизвици на нови начини – преку соединување на идеите и дигиталните алатки за креирање на веб-базирани иновации за само 48 часа.

Првиот Камп за социјални иновации во Кавказ ќе собере 40 учесници – дизајнери, претприемачи, експерти за социјални прашања, маркетинг, право, гуруа за рекламирање од Грузија, Азербејџан и Ерменија за да работат на идеата за потенцијален социјален start-up кој може да направи промена и да се натпреварува за награда.

Локалните организатори на Кампот за социјални иновации на Кавказ, авторот на Глобал Воисес Ана Кешелашвили во Грузија, регионалниот уредник на Глобал Воисес за Кавказ Оник Крикориан во Ерменија и Transitions Online на Емин Хуеинзаде во Азербејџан, поминаа еден месец организирајќи го настанот и привлекоа десетици учесници од секоја од овие три земји. Think from A to Z. ја претставува основната идеја позади Кампот за социјални иновации на Кавказ.

Кампот за Социјални иновации (SICamp) е еден вид Баркамп (спротивен на конференциски) формат. Зошто е таков? Нема строги правила како конференциите. Луѓето најчесто споделуваат информации. Нема профит. Само го споделуваш она што го знаеш и остваруваш нови комуникации.

Кампот има некои разлики, една од нив е дека Баркампот нема никаков резултат. Само делење  на информации. Целта на Кампот за социјални иновации е да се добијат спремни, функционални проекти на крајот на настанот. И после вториот интернационален Камп за социјални иновации можеме со сигурност да кажеме дека е ВОЗМОЖНО да се направи проект во 2 до 3 дена.

Можете да го погледнете и краткото видео.

Тбилиси ве повикува беше посебно среќен поради тоа што главниот победник на Кампот за социјални иновации е ерменскиот активист за заштита на околината.

Добрите вести не се многу чести овде во кавкаскиот регион, така да кога ќе се појават, навистина се вредни за прославување. Минатата година, ерменскиот активист за заштита на околината Мариам Сукхудиан се соочуваше со можна затворска казна од 5 години за клевета по обелоденувањето на наводните злоупотреби во Домот за деца. Конечно пред неколку недели обвиненијата беа отфрлени и во друг добредојден настан минатиот викенд Сукхудиан и нејзините колеги ја освоија првата награда на Кампот за социјални иновации овде воТбилиси за нивниот веб насочен проект насочен кон борбата против уништувањето на шумите.

Во меѓувреме, на конференцијата Социјалните медиуми за социјални промени, регионалниот уредник на Глобал Воисес Оник Крикориан уште еднаш презентираше заедно со азербејџанскиот блогер Азру Геибулајева за улогата на социјалните медиуми во трансформација на конфликтите. Слајдовите, заедно со оние кои ја претставуваат победничката идеја на Сикхудиан се достапни на блогот Frontline Club.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.