Непал: Може ли исклучувањето на интернетот да одбележи протест

Корисниците на интернет во Непал беа фатени во безредие откако Асоцијацијата на интернет сервис провајдерите на Непал  (ИСПАН) ја исклучи нејзината интернет услуга минатата недела на 10 април 2011 година, од 13 часот до 14 часот, како знак за протест против владината мерка за забрана на „нелегалното пренасочување на ВоИП повиците“.

Во една изјава ИСПАН ја осуди акцијата на непалските телекомуникациски власти (НТВ) за апсење и лажни обвинувања против интернет провајдерите.

Ограничувања

Image by Flickr user Jamarier (CC BY-SA 2.0).

Фотографија од корисник на Фликр Џамариер (Криејтив Комонс Наведи извор-Сподели под исти услови 2.0).

Во последните месеци, НТВ  донесе неколку мерки за илегалните уреди за пренасочување кои што користат ВоИП (Протокол за пренесување на говор преку интернет) овозможувајќи им на корисниците да ги избегнат високите трошоци кои ги наплаќаат лиценцираните ВоИП оператори.

Непаласката блогосфера го критикува исклучувањето на интернетот и мислат дека ова е прекршување на врмениот устав, кој е против такви блокирања на комуникацијата.

Непалците не се импресионирани од штрајкот на ИСП:

Има легитимни причини за протест, разбирам. Но, кој протестира против наводна полициска грешка кога еден од твоите е фатен на дело? Наш ИСП, се разбира. И на крајот оние кои ги сносат последиците сме ние, јас и ти.

Блогерот истакнува:

Правото на интернет услугата е основно времено уставно право на непалските граѓани. Неприфатливо прекршувајќи го моето право, ИСП одлучи да ги исклучи нивните рутери на еден час попладнево во Непал предизвикувајќи ми голем гнев.

Прадеп Кумар Синг прашува коку е етички да се прекине интернетот:

[..] Ова е ИНТЕРНЕТ, како може да имаш право да им забраниш на луѓето да влезат на нивната мрежа ? Интернетот може да се расипе или направи одредени работи. [..]

Интернетот можеби е луксуз па дури и релаксација за повеќето непалци, но тоа не значи дека не е сфатен сериозно. Верувај ми многу корисници го сметаат како основна потреба и велејќи го ова и го мислам, „основна потреба“ всушност здраво за готово. После сè, интернетот е значаен и важен за информациите овие денови.

Хнепали ги признава потребите на ИСП, но мисли:

ИСПАН бара сигурна околина и слободна од страв од несакана полициска акција, што е оправдано барање. Но, зошто крајните корисници се казнети поради владината акција?

Јам Гурунг коментира на написот на блогот  My Sansar [непалски]:

Не сум среќен со акцијата со која ЦИБ го укина таканареченото пренасочување на повици и апсењето на луѓе на ИСП. Живееме во Хонг Конг 15 години. Можеме да направиме квалитетни и ефтини повици до нашите фамилии во Непал само кога таканареченото пренасочување на повици е активно во Непал. Откако ЦИБ започна да ги апси луѓето на ИСП и да упаѓа во центрите на ВОИП, Непал стана неверојатно скап за повикување Непалците што живеат во странство.

Барав НТА и ЦИБ да им дозволат на ВоИП опраторите да работат додека Непал Телеком не ги намали стапките и не го прошири својот капацитет на покривање, така што повиците ќе бидат секогаш воспоставени. Ве молам помогнете ни нас што живееме во странство да бидеме поврзани со нашите фамилии.

ИСПАН го отповика протестот откако непалските телекомуникациски власти започнаа истрага за проблемите со ВоИП.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.