Кина: Во поголемиот дел од Кина почувствуван земјотрес од 7.8 степени

Пред околу 12 часа, земјотрес од 7.8 степени според Рихтеровата скала ја погоди југозападна Кина, со потреси почувствувани надалеку дури до Пекинг и Хонгконг.

Епицентар на земјотресот

Данвеи веќе состави неколку новости од различни извори, како Шангаист, со информации од кориснички видеа од веб сајтот на кинескиот видео порталот Сечуан, каде веднаш се најдоа неколку видеа на насловната страница.

Овој клип на 56.com е поставен од корисникот Литл Фиш:

Ова видео од сајтот за споделување на видео Youku.com доаѓа од корисникот хиаоју82528, каде се покажуваат ефектите од земјотресот почувствувани и во Пекинг:

По се изгледа, Твитер е главниот извор за детали во овој момент; Многумина пишуваат за проблемите со поврзување преку телефон со оние од епицентарот на земјотресот, но интернетот изгледа сѐ уште функционира. Технолошкиот гуру Каисер Куо од Пекинг, објавува дека веб сајтот на владиниот центар за земјотреси е недостапен, веројатно поради големиот сообраќај.

Корисниците инвалкедбуд и Лураел постојано поставуваат новости и известуваат за што можат.

Инвалкедбуд пишува од Ченду, место многу блиску до епицентарот: „Изгледа нема големи оштетувања на зградите, но луѓето се потресени. Струјата/водата/гасот се уште работат.“

Други делови ја немаат таа среќа; Кинескиот Твитер корисник Раин, лоциран во Хубеј, пишува за можните разурнувања таму:

Еден колега само што се јави дома во Џингшоу во Хубеј, куќите во Шаши се урнале, таму се случила катастрофа.

Исто препорака од Данвеи е да се следи Summize.com, еден Твитер пребарувач кој поддржува кинески карактери, за новости; новостите кои ќе се најдат на Summize и други места ќе бидат додадени и тука. Може да се погледнат фотографии со пребарување ‘земјотрес’ на англиски и кинески на Yupoo.com.

Секој со повеќе информации за други делови од Кина кое се погодени е поканет да даде новости преку оставање коментар.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.