Денот Пангеа: Светски настан

Денот Пангеа беше организиран во саботата и луѓе од различни краишта на светот се собраа да гледаат филмови и да бидат дел од светскиот настан на кој филмовите, говорниците и музиката ни покажаа нешто повеќе од животот на другата страна од земјината топка, обединувајќи луѓе од сите области на животот во верувањето дека не сме толку различни колку што мислиме. Настанот опфати и натпревар за видеозаписи од мобилни телефони, кој имаше победници од разни земји.

Од Кигали во Руанда, една од петте главни локации на снимање, следи слајдшоу од фотографии од настанот качени на ОВИ, платформата за видеозаписи и фотографии која се користеше за промоција на содржини од денот Пангеа:

Од Хаифа во Израел, друго слајдшоу од собирот за следење на настанот близу пристаништето Цезареја:

За време на настанот, пријателите на веб-сајтот на Пангеа имаа пренос во живо од различни места низ светот меѓу кои САД, Колумбија, Италија, Јапонија, Нов Зеланд. Другите настани, како на пример Колумбискиот ден Пангеа во Меделин имаа свој веб-сајт на кој во текот на настанот беа објавувани блогирањето во живо, стриминг видеозаписите и фотографиите.

Нокиа, партнерот на денот Пангеа го организираше Натпреварот на Нокиа за најдобри видеозаписи од мобилни уреди 2008 паралелно со останатите настани, а петтемина финалисти беа внесени во секоја од петте различни локации на снимање. Можете да ги погледнете победничките видеозаписи на веб-сајтот ОВИ за денот Пангеа. Финалистите беа: „Кругови насекаде околу нас“ од кајум – Индија, „Насмевка“ од гуфилопез – Индонезија, „Чудесни виножита! снимени и монтирани на мојата Нокиа Н93“ од рупертоу – Обединетото Кралство, „Играта“ – Јужноафрикански деца се забавуваат во просторија за видеоигри“ од екачучо и „Облаци во движење“ од пјерба – Италија.

Добитникот на Големата награда на веб-сајтот на ОВИ за Пангеа/Нокиа е екачучо и неговиот видеозапис со Јужноафриканските деца како играат видеоигри, кој доби патување во Резерватот на горилите во Руанда, во придружба на цела екипа која ќе му помогне на победникот да го сними своето патување.

Од извлекувањето организирано од Нокиа и Вомворлд, чиишто резултати беа објавени од Продукцијата на Дејвид Хауел, креаторот на победничкиот видеозапис би добил Нокиа Н82, футрола, триножник, мемориска картичка, слушалки и звучници. Избраниот видеозапис беше „Чудесни виножита“, и во своето соопштение тој спомна тој бил избран за победникот бидејќи тој најдобро го отсликувал духот на мобилниот видеозапис: снимајќи ги оние ретки моменти кои би можеле да исчезнат и никогаш да не се повторат.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.