Кина: Ланец на малолетна проституција предизвика јавен бес

Ланецот на малолетна проституција кој неодамна беше откриен во округот Xi-Shui, Guizhou, предизвика национален бес. Ланецот вклучуваше неколку владини членови и наставници како клиенти и подведени млади девојки, вклучувајќи и девојчиња од основно училиште како проститутки.

Случајот најпрво бил истражуван минатата година кога мајка на една од жртвите пријавила дека нејзината ќерка била вовлечена во ланецот и силувана. По осумдневна тајна истрага провинциски полицаец го открил ланецот на проституција, кој бил воден од тројца вклучувајќи и 14 годишно девојче кое е избркано од училиште и нејзиното 15 годишно момче. Изненадувачки, местото на сексуалните услуги кое го дал друг криминалец било всушност во зградата во која се наоѓа и судскиот отсек.

Повеќе од 10 ученички, некои од нив на возраст под 14 години, биле примамени или под присила вовлечени во ланецот. Netease.com известува како 30 годишен наставник ја одзема невиноста на девојка со име Wang Qing. Wang била наведена од нејзините пријателки да се сретне до организаторите на проституцијата.

“当时我很怕,被他们逼着进了一家旅馆,一个30来岁的男人锁上门后就动手脱我的衣服,我吓得直哭。事后‘结拜姐姐’威胁我不能把事说出去,否则要叫人打我。”在这里,王清被一个叫冯支洋的教师夺走了第一次。“我后来才知道他是习水县第一职业高级中学的老师。他很变态,玩了许多花样。

Бев многу исплашена. Бев присилена да одам во хотел каде еден маж ја заклучи вратата и ме соблече. Јас само плачев. Потоа, една девојка (14 годишната организаторка) ми се закани дека ако проговорам за ова на било кој, ќе бидам тепана. На Wang потоа и била одземена невиноста од наставникот Feng Zhiyang. Подоцна дознав дека тој е наставник во локалното средно училиште. Тој беше многу перверзен во работите кои ме тераше да ги направам!

Но, подоцна Wnag вовлече друго 13 годишно девојче во ланецот. Организацијата се ширеше чекор по чекор, со се повеќе невини млади девојки кои паѓаат во стапицата.

Листата на редовни клиенти која ја објави полицијата ги вклучува и:
Li Shoumin, државен службеник во локалната кланцеларија за имиграција, Chen Mengran од канцеларијата за земја и ресурси, Huang Yonglieng – социално осигурување, Chen Cun – правни работи, локалниот агент за недвижнини и претставник во локалното право Mu Mingzhong, наставникот Feng Zhiylang и таксистот Feng Yong.

Дегенерација, од врвот надолу

Јавноста беше шокирана бидејќи службеници од правниот систем не го почитуваат законот и обесчестиле девојки на возраст на нивните ќерки. Уште повеќе, наставниците кои треба да ги едуцираат и заштитуваат учениците го праваеле спротивното. Што не е во ред со овие јавни службеници?

Блогерот Yang Genshen го покажа својот бес на својот блог:

当悲剧以一种令人发指的方式呈现出来,留给人们的却是一种从未有过的荒凉与寒冷。习水县多名公职人员嫖宿年幼女生案不只是一场人伦悲剧,更像是一场恶魔的狂欢。

Кога трагедија ќе се открие на таков драматичен начин, тоа ги направи луѓето да се чувствуваат лути, а истовремено и фрустрирани. Срамно е што таква трагедија воопшто и се случи! Овде не се работи едноставно за морална дегенерација, туку како ѓаволот да доминирал со светот!

Секретарот за право и политика на Комунистичката партија во областа Xishui каде што се случи настанот во интервју за China Youth Daily вели:

“我们都是为人之父,如果我们的女儿被别人这么搞,我们的感受会怎么样?

Ние сите сме татковци и ако нашите ќерки беа силувани како нив, како ќе се чувствувавме?

Тој понатаму коментира, ‘чинот е понепростувачки од убиството’.

Но, со откривањето на ланецот приказната само што започна. Кога службениците беа изведени пред суд, под кое обвиенение треба да бидат осудени стана контроверзно прашање.

Судењето започна на 8 Април. Стотици луѓе стоеја надвор од судот чекајќи на пресудата, како и бројни новинари, но тие беа држени надвор од судницата со цел да се заштити приватноста на жртвите. На членовите на семејствата на жртвите исто така им беше забранет пристапот во судницата.

Адвокатот назначен за одбраната не се појави. Подоцна тој објави дека одбил да ги брани обвинетите бидејќи смета дека тоа е срамно. Затоа им беше назначен друг адвокат.

Но следеа и уште драматични сцени. Кога јавноста дозна дека обвинителот сака да покрене обвинение за „посета на малолетна проститутка“, наместо посериозно обвинение „силување“ многумина се посомневаа дека обвинетите тајно се штитат.

Адвокатот Luo на својот блог ги објасни своите сомневања:

习水县人民检察院撒了个弥天大谎,以最低刑的起点来认为嫖宿幼女罪比强奸罪高为由,表白自己是在从严打击,可是稍有点法律常识的人都知道我国《刑法》中嫖宿幼女罪的处罚程度远低于强奸罪,因为强奸罪最高刑是死刑,而嫖宿幼女罪最高刑期是有期徒刑十五年,孰轻孰重我想地球人都知道。

Обвинителот кажа голема лага во своето тврдење дека ‘посета на малолетна проститутка’ или ‘секс со малолетна проститутка’ е посилно обвинение од ‘силување'; тој се обидува да докаже дека тој е цврст кон криминалот бидејќи „посета на малолетна проститутка“ носи повисока минимална казна. Но, секој кој и малку се разбира од право знае дека ваквото обвинение носи помала казна од силувањето, кое може да резултира и со смртна казна додека другото обвинение може да ги испрати обвинетите во затвор до максимум 15 години. Сите знаеме што е полесна казна!

Адвокатот Yao во својот блог го обвини обвинителот дека манипулира со јавноста:

虽然大多数法律人倾向于以强奸罪定罪,但公诉机关仍然坚持以嫖宿幼女罪起诉,….当记者问到为什么不以强奸罪起诉时,习水县检察院检察长是这样回答的:嫖宿幼女罪的起刑点是五年以上有期徒刑,强奸罪是三年以上,嫖宿幼女罪的起刑点高,因此有利于打击犯罪。这样一个回答,如果不是出于无知,那就一定是别有用心,是欺侮民众的智商。嫖宿幼女罪的起刑点固然高过强奸罪,但最高刑期不过是15年,而强奸罪却是可以判无期乃至于死刑的.

Иако многу од адвокатите сметаа дека обвинението треба да биде „силување“, обвинителот инсистираше на „посета на малолетна проститутка“. Запрашан зошто, тој одговори ‘обвинението има минимална казна од 5 години, додека за силување минималната казна е 3 години затвор. Ваквото обвинение води кон искоренување на овој вид криминал. Одговорот доколку не е од незнаење мора да има заден мотив. Тој нема причина да не знае дека силувањето може да резултира со смртна казна додека другото може да резултира само со казна затвор од најмногу 15 години.

Наспроти сомнителното објаснување за изборот на полесно обвинение, луѓето се запрашуваа како злочинот воопшто може да се интерпретира како ‘посета на малолетна проститутка’ , а не како силување.

Во Jinghua Daily, пекингшки весник, познатиот блогер Wuyuesanren смета дека обвинението значи:

那是说当事的女孩子是自愿出卖自己的,只是因为没有到岁数,所以有此规定。在嫖宿幼女的场合,多是幼女“自愿”,甚至是在幼女主动纠缠的情况下进行的。换言之,犯罪行为的实施,受害幼女本人也有一定的过错。相比(奸淫幼女)而言,行为人的主观恶性也较小….就是说,这么一个罪名不但开脱了侵害人,还把受害人给描绘成了有一定自愿情节的卖淫者。

‘Посета на малолетна проститутка’ значи дека девојките доброволно се продале себеси. Единствената разлика од нормалната проституција е нивната возраст. Најчесто деволките се тие што доброволно обезбедуваат услуга дури и активно ги мамат клиентите. Со други зборови виновни се и младите девојки. Споредено со ‘силување на девојче’ обвинетиот се смета за помалку одговорен. Затоа, обвинителот не само што бара начин да ги оправда напаѓачите, туку ги дефинира жртвите како доброволни проститутки.

И адвокатот Yao коментира за тоа дали тоа може да се смета за силување:

按媒体的报道,这些可怜的孩子是在被殴打之后,是在被“打毒针,拍裸照”的威胁之下屈服的,与这些“公职禽兽”发生性关系不是出于她们的自愿,追求钱财也不是她们的目的,这难道还不算强奸吗?也许,在这位检察长的眼里,只要给钱了,就没有强奸罪了,那我看强奸罪也就可以取消了。

Според извештаите од вестите, кутрите девојчиња биле насилно вовлечени во ланецот откако биле тепани и под закана за давање на отровна инекција или биле сликани голи. Тие немале доброволно секс со тие ‘јавни ѕверки ‘ и тоа не го правеле за пари. Па тоа нели е силување? Можеби во очите на јавниот обвинител, се додека девојчињата добиле компензација тогаш не биле силувани. Тогаш сметам дека злочинот силување треба да се укине!

Судењето е одложено. Без разлика дали обвинетите ќе бидат прогласени за виновни и по кое обвинение, жртвите се непоправливо оштетени. Но дали ќе добијат некаква утеха од семејствата или од заедницата? Според она што мајката на една од жртвите го изјавила на репортер не гледаме никакви знаци за олеснување:

“那个案子发生后,只有14岁的康倩和她的女朋友一起跑到深圳去打工。后来,公安局让我去把她找回家来,辨认那些嫖客。可她一句话都不肯说,就是不肯承认被男人欺负过。从深圳回来后,本来读初二的她就不再愿意去上学了,而是天天在外面混。有时一跑就是一两个月不回家,被我抓到后,痛打一顿,然后把她的头发剪得乱乱的,这样她才老老实实地在家里待上一阵。可过不了多久,又是经常不回家过夜,后来我干脆就买了条锁狗的铁链,把她锁在家里。”

По случувањата, 14 годишната Kang со нејзината пријателка замина во Shenzhen за да најде работа. Полицијата потоа ја пронајде и побара од неа да ги идентификува клиентите. Но, таа одби да зборува и негираше дека била злоставувана од некој маж. Кога се врати од Shenzhen, таа не се врати во училиште и луташе наоколку понекогаш и по месец или два. Ја тепав и ја сечев косата се со цел да биде дома некое време. Но, по одредено време таа пак почнуваше да ги минува ноќите надвор од дома. Морав да купам ланец за да ја врзувам за да останува дома.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.