Видео: Последици од циклонот Наргис во Бурма/Мјанмар

На 2 мај 2008, циклонот Наргис го погоди Мјанмар (Бурма), предизвикувајќи огромни штети со 38 491 мртви и 27 838 исчезнати. Ситуацијата би се сметала како критична во било која друга држава, меѓутоа воената влада или хунта, која е на власт, го ограничи влегувањето на помош во облик на храна, волонтери, доктори или опрема, со барање сите донации да поминат низ нивна контрола и со ограничување на издавањето туристички визи. Според Бурма Њуз, локален онлајн извор на информации, хунтата исто така поставила правила за новинарите за како да известуваат за циклонот, ограничувајќи ги нивните комуникации, особено за покажувањето на мртвите тела или известувањето за недоволната помош за жртвите од циклонот.

И покрај овие ограничувања за носењето камери и фотографирањето, сепак некои луѓе излегоа за да го снимат степенот на штетите. По се изгледа нивната непослушност на насоките од хунтата за известувањето за циклонот е поврзано со нивниот гнев кон хунтата, бидејќи не ги евакуирала погодените села дури и кога станала свесна за неизбежниот циклон и можните опустошувања. Следниве видеа, поставени од ЈуТјуб корисникот аунгсајапји, може да влијаат на чувствителните луѓе: тие се многу графички, вклучуваат мртви тела и треба да се гледаат со дискреција и согласност од возрасни:

ЈуТјуб корисникот АфтерНаргисЈгн постави серија од видеа, кои вклучуваат слики од ефектите на циклонот во Јангон, најголемиот град на Мјанмар, поранешно познат како Рангун. Луѓе како отстрануваат бутнати дрвја, како се движат низ водите, сушат своите душеци, облека и генерално како се обидуваат да расчистат и да продолжат понатаму.

ЈуТјуб корисникот Бурма4ју постави видео со последиците во Латбута, со толпа од жртви од циклонот Наргис во засолништата, кои се обидуваат да спијат додека размислуваат што ќе се случи со нив во блиска и далечна иднина.

Видео за иднината на луѓето од Бурма е поставено од мјочитМјанмар, уште еден ЈуТјуб корисник кој постави видео со англиски титлови, на кое се интервјуираат преживени луѓе од Лапута и бегалци на нивните моментални положби: камповите за бегалци, на улиците: донации од ориз и облеки за децата, приватни иницијативи направени без државниот совет за мир и развој кој владее со нив. Во меѓувреме, слика од Бурма Нуз покажува помош која изгледа како да е од Црвениот Крст како се продава на улиците, а треба да биде наменета за бегалците.

Следново видео, исто така од аунгсајапји го покажува искуството на луѓето во бегалските кампови, донациите на приватните организации: од луѓето и продавниците, пристигнувањето на воениот генерал, носејќи ветувања наместо облека, храна или вода. Тие им велеа на бегалците дека луѓето кои настрадаа, настрадаа поради лоша карма и дека тие треба да се сметаа себеси за среќни бидејќи преживеале. Дадоа неколку предлози за меѓусебно групирање по села и потоа заминаа. Видеото е титлувано на англиски за подобро да се разберат настаните:

На ЈуТјуб блогот нагласени се напорите на видео заедниците за помош на Мјанмар, а истакнати се и мрежите за известување и приватните иницијативи кои го документираат циклонот и му овозможуваат на светот да знае што се случува со малата азиска држава. На пример, Најтвочер1982 од Холандија вети дека за секој добиен видео одговор на неговото видео, тој ќе донира 5 долари на Црвениот Крст, а ако видеото е добро ќе донира 10 долари:

Глобал Војсис Онлајн врши опширно опфаќање на катастрофата и агрегира информации од различни извори од Мјанмар и надвор за случувањата со помошта за храна, вода и ситуацијата на бегалците додека бројката на загинати постојано расте. Не двоумете се да ја посетите специјалната страница за состојбата со циклонот во Мјанмар и да ги прочитате постовите од тимот волонтери-автори кои пишуваат со преведување од бурманските блогови, известувајќи од прва рака за животот во Мјанмар сега. Исто така може да го следите нашиот фид за Мјанмар на Твитер. На 17 мај ќе се одржи глобален ден за жртвите во Бурма, на кој се повикуваат луѓето да им пренесат на другите за кризата во Мјанмар, а некои веќе организираат настани за собирање средства.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.