Египет: Судот забрани порнографски страници

Адвокатот Низар Гораб (или Кроу на арапски) започна судскa постапка за забрана на порнографските страници, затоа што тие ги уништуваат суштинските вредности на египетското општество. Управниот суд во Каиро донесе пресуда во негова корист. Меѓу бесот и сарказмот, египетските блогери реагираа на оваа пресуда.

Мустафа напиша:

Има начини на кои може да се одбегне цензурата, a ако луѓето сакаат да гледаат порно филмови, тоа и ќе го направат. Ќе ги вратат повторно во употреба видео касетите.

Незадоволен од одлуката, Мустафа продолжува да вели:

Со оваа пресуда се легализира контролата врз мислите на луѓето и врз она што тие го гледаат. Можеби некој ден ќе сакаат да контролираат и што мислите.

Јас разбирам дека судот може да го направи противзаконски порнографскиот материјал во Египет, како што е сегашниот случај, и тоа поради злоупотребата на малолетници и жени при трговија на луѓе итн.

Друг проблем е нејасната дефиниција за „непристојни страници“ во пресудата во која тие се дефинираат како страници кои ги „уништуваат семејните и општествените вредности и кои шприцуваат отров и шират разврат“. Сигурен сум дека ќе следува политичко мислење од страна на владата. Ова веќе се случи,нели?

Во постот: Оваа страна не може да се прикаже, непослушно момче”, Сара Кар напиша:

Судската постапка ја започна адвокат кој очигледно не користи Фејсбук и притоа има време колку сака. Тој се грижи и за тоа со што другите луѓе се занимаваат кога имаат слободно време. Започна случај инсистирајќи министерот за телекомуникации да забрани „непристојни страници“ и судот донесе пресуда во негова корист, да му се сневиди!

Кар цитираше дел од „надуениот и глупав заклучок“ на судот :

Правата и слободите не се апсолутни, туку ограничени од потребата да се заштити суштинската вредност на семејството, кое претставува основа за општеството и како основни елементи ги има религијата, моралот и патриотизмот. Државата и општеството се должни да го зачуваат високото национално ниво на религиозното воздигнување, моралот, патриотските вредности, политичките вредности, моралот на јавноста итн.

Понатаму таа ги кани читателите да „почитуваат“:

Порното шири изопаченост. Забранете го.
Со свињите се шири продажба на колбаси. Уништете ги.
Ќелијата Хезбола во Египет праќа помош. Дадете ја на суд.
Каритас шири љубов. Запрете го тоа.
Луѓето со емо стил шират употреба на црниот молив за очи. Уапсете ги.

На сево ова дава заклучок, велејќи:

Го тврдам она што е очигледно, но пак ќе кажам. Параноидниот режим кој користи најголем дел од својата енергија за подбуцнување на толпата маса против надворешната закана(и) се обидува да ги сокрие своите неадекватности. Ова не значи дека во египетското општество не постои сомнеж кон другиот. Тоа постои. Прашај египетски Бахаи. Но, ако во Западна Европа има ксенофобија во однос на имигрантите, тогаш колку придонесува оваа одвратност за да се земат предвид погрешните информации, нискиот степен на образование и медиумите кои обожаваат сензации? Дали она што е наводно национализам крие длабока несигурност дури и загуба на идентитет?

Зеинобиа не е против забраната на порнографските страници, но е загрижена за друга работа:

Се плашам дека овој режим ќе го искористи ова за да прогонува политички сајтови и блогови. Ова е мојата единствена загриженост. Во суштина не сум против забраната, но ако размислете повнимателно ќе видете дека тоа е премногу општо и нејасно. Јас сум 100% за забраната на порнографските страници, но како може да се контролира големиот виртуелен свет како веб страниците? Кој е механизмот кој ќе го користат Министерството за комуникации и регулаторите на националните телекомуникации при забраната на порно страниците? Кои критериуми ќе се користат? Дали треба Министерството да ги потврди одреденостите?

Ким се запрашува:

Како ќе го имплементираат тоа? Хм… Баш би сакала тоа да го видам.

Таа се плаши од денот кога и  галабијата (долгиот фустан кој го носат жените за да го покријат целото тело) ќе стане национален фустан во Египет:

Египетскиот пратеник Мустафа Ал Гинди сака галабијата да биде призната како национален фустан на Египет. „Во Египет, ако се плашиш да носиш галабија, можно е да бидеш разголен во 70% од јавните места. Ова не е човечно и е против Уставот.”

Интересно ќе биде да се види како тој планира да ја изведе идејата галабејата да стекне национален статус, а уште поинтересно ќе биде да се види што ќе се случи откако ќе добие национален статус.
Знам ресторани чии прописи не вклучуваат носење галабија и не дозволуваат влез на мажите кои носат наметка до колената. (Повеќето од овие ресторани исто така служат алкохол и се обидуваат да направат некаков исклучок за жените во фереџе, со цел наводно да не ги повредат религиозните чуства на оние кои се повеќе религиозни, едноставно преку достоинството на нивната облека)

Ако галабијата добие национален статус, дали тогаш ќе им дозволат да влезат на оние кои носат галабија?

Во меѓувреме, Маги напиша:

Браво! Бидејќи Египќаните се мали деца, владата мора да игра мајка и да го гледа најдоброто за секого. Не сум за порно страниците, ама сум загрижена дека едно нешто ќе води кон друго. Денеска блокираат порно страници, а утре ќе го напрват истото со блоговите мислејќи дека се основата за тероризам. Се разбира, ќе ја оправдаме владата и ќе кажеме дека таа е загрижена за нашите интереси. Цензурата прво ќе ги блокира несоодветните страници, а после тоа и страниците кои се против политиките на владата и тоа ќе претставува крај на блоговите.

Карикатуристот и заболекар Асраф Хамди постави три прашања под оваа илустрација:

Египет забранува порнографски страници

Египет забранува порнографски страници

Се прашувам кон кого е насочена оваа одлука? За чие добро е? За децата? За младите? За целата нација? Едноставно не сфаќам. Порно страниците се како алкохол, бордели, како сè друго што ги отфрла религиозните, моралните и општествените вредности. Вакви работи не можат да се забранат, но против нив можат да се води борба преку кампањи за развивање на свеста да не се гледаат порно страници. Едноставно кажано ова е навреда за целата нација.

Неговото второ прашање е:

Никогаш нема да ја дознаеме причината која се крие зад оваа одлука. Со оваа одлука ќе се промовира порнографијата без преседан. Обидете се да го забранете алкохолот во Египет и ќе видете дека дури и оние кои не пијат алкохол ќе сакаат да пробаат од љубопитност. Забранетото е секогаш послатко. Забранувањето на порнографските страници ќе има подеднакво силна реакција во спротивна насока. Ќе се промовира порнографија без преседан и оној кој има порно филмови ќе стане крунисан крал преку ноќ на порнографскиот пазар.

Неговото последно прашање е :

Дали со овој блок ќе се блокира сè? Ова се очекуваните ситуации:

СИТУАЦИЈА НА ЗАГУБА НА ПАРИ
Сигурен сум дека стотици блогови ќе бидат забранети, бидејќи содржат непристојни сцени.

СИТУАЦИЈА НА НЕЗАВИСНОСТ
Кому му требаат порно страници кога младите мажи и жени можат да си снимат домашни видеа и да си ги разменат преку мејл или мобилни телефони?

СИТУАЦИЈА НА ВИСОКО-РАЗВИЕНА ТЕХНОЛОГИЈА
Хакерите ќе најдат начин да ја прекршат забраната… За што служат прокси серверите?

СИТУАЦИЈА НА ПОДОБРА ИДЕЈА
Кој сака порно страници кога има проститутки?

СИТУАЦИЈА НА ПРИСИЛЕНА ОБЕСПРАВЕНОСТ
Забраната на порнографските страници ќе развие чуство на обесправеност, друг удар врз слободата на избор.

СИТУАЦИЈА НА СЕКСУАЛНА ОПСЕДНАТОСТ
Ако сексот е табу тема, тогаш преку забраната на овие страници, тој ќе стане уште поголема табу тема и ќе се развие во перверзија.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.