Видео: Креативност во справувањето со водената криза

Капка од водаСо две многу скорашни природни катастрофи: циклонот во Мјанмар и земјотресот во Сечуан, Кина, повторно се појави темата за добивање чиста вода за пиење за популацијата на која и е потребна. Следуваат неколку видеа кои предлагаат различни решенија за доставување чиста вода или барем да им се овозможи на луѓето полесно да пристапат до здрава вода за пиење. Овие решенија ги имаат опфатени основите: копање бунар за добивање вода за зачувување на здравјето и хигиената после критична ситуација, пумпи за играње и Q-резервоари кои се тркалаат како контејнери за транспорт на вода: од под земја или од подалечни места; био-песочен филтер и велосипед за прочистување со чија помош може да се прочисти водата која ја транспортираат.

Прво, од јужен Судан, Видео Новинар, зборува за предизвиците со кои се соочува проектот Вода за Судан, со цел да изгради и одржува бунари во руралните средини од оваа сиромашна област и како не е важно колку е тешко да се започне и одржува, бидејќи на крај вреди да се посвети внимание за решавање на овој проблем.

Потоа, од Пакистан, Акцијата Против Гладот решава да им помогне на заедниците, кои изгубиле апсолутно се, полека да ја добијат нивната доверба за подобра иднина со вклучување на чиста вода во нивните планови. Следново видео е од Dogooder.tv:

Неколку проекти кои им помагаат на луѓето полесно да ја транспортираат водата од една област до друга. Прво, Q-резервоарот, кој е шише што се тркала кое може да се води со јаже. Второ, пумпа за играње, која пумпа вода од подземните извори до резервоар со вода додека деца си играат и прототип од велосипед кој прочистува вода додека се вози.

Прототипот од велосипед со кој се прочистува/транспортира вода може да се види во една минута.

Во областите каде е потребно прочистување на водата може да го видиме био-песочниот филтер во акција, исто така од Акцијата Против Гладот:

Уште еден сличен глинен лонец за прочистување е промовиран од Лонци за Мир, кои тренираат локални занаетчии да произведуваат глинени лонци кои можат да се користат за прочистување на вода. Комплетни инструкции за изработка на лонците и филтрите може да се видат следејќи го овој линк. Следново видео е од презентацијата на Рон Ривера на симпозиумот Дизајнирање за другите 90 проценти:

Фотографија од класична капка од вода од Ренди син на Алберт.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.