Хонгконг: Медиумска групација на јужна Кина го цензурирала посебното издание по повод 4 јуни

Дејзи, уредник од Esquire, магазин за животниот стил од медиумската групација на јужна Кина во Хонгконг, објави на нејзиниот блог дека менаџментот во најновото издание ја забранил публикацијата од 15 страници – посебно изданије по повод 4 јуни. Највисокото раководство во компанијата по разгледување на статијата, оценило дека специјалното издание е чин на „подбуцнување“ и им рекле на вработените дека ќе мора да си дадат оставка доколку не се согласуваат. Целиот процес е многу брутален. Подолу е целесниот превод од постот на нејзиниот блог.

(Извинување и исправка: Вчера кога го поставував овој пост ги заменив CS Media Group со СSCMP во насловот. Иако беше поставен помалку од 20 минути, информацијата се прошири и беше пренесена од многу луѓе. Иако Глобал воисес ја избриша и направи корекција, сепак не можеме да  ги контролираме пораките од други луѓе. Затоа, јавно се извинувам уште еднаш. Грешката е моја и ќе бидам повнимателна во иднина)

Специјално издание по повод 4 јуни кое никогаш нема да биде издадено.

前一天還慶幸自己在一家包容性和多元性皆強的雜誌工作。

До пред неколку денови, бев среќна што работам за магазин кој ги нагласува различноста и толеранцијата.

六四專題難做,lifestyle 雜誌的六四專題更難做,論政治性新聞性,我們不比跟日報比媲,想義正嚴詞大呼平反六四又怕老氣橫秋,經過不斷的推倒重來,我們找到了方向,並實踐了。

Беше навистина тешко да се изработи и дизајнира работа како онаа за специјалното издание за 4 јуни, посебно за магазин како овој. Не можевме да се натпреваруваме во политички вести со дневните весници и сакавме да го избегнеме клишето за повик за оправдување за 4 јуни. После повеќе дискусии ние конечно се одлучивме за нашата ориентација и го изработивме.

文章寫好、相片拍好、layout 砌好,甚至已經送往印刷,但最後,因為大老闆的一個電話,專題被抽掉,同時,有關該期雜誌中所有提及六四字眼的文章,皆要經過修改,三小時之後,這個六四專題真的可以消失得無影無踪,彷彿從未出現過。

Ги имавме готови нашите написи, фотографии и изглед. Дури им ги дадовме фајловите на компанијата за печатење. Но на крај, поради еден телефонски повик од големиот шеф, целото специјално издание мораше да биде тргнато. Уште повеќе, сите написи во кои се спомнува зборот „4 јуни“ мораа да бидат корегирани како никогаш да не постоел претходно.

然後,一個狐假虎威的公司高層,把我和幾位相關的同事叫到會議室,會議室氣氛很凝重,我們似是犯下彌天大禍。那名高層手拿著那份專輯的 copy,上面的文字被黃色的螢光筆畫得一塌糊塗,然後她將「有問題」的句子逐句讀出,說:「這是煽動。」當然還有一堆不知所謂的說法,包括公司的決定毋須要向員工解釋,若有不滿同事可以隨時離職等屁話,還假猩猩的問大家有何意見。

Вработените во компанијата со повисок ранг, кои тврдеа дека ја претставуваат компанијата, не повикаа мене и моите колеги во салата за конференции. На состанокот владееше голема тензија како да сме направиле страшна грешка. Претставничка на компанијата од повисок ранг зема копија од специјалното издание во својата рака. Текстот беше означен со светлечки маркер ваму – таму, и таа на глас ги прочита сите „проблематични реченици“ и потоа заклучи: „ова е подбуцнување“. Потоа таа ни објасни дека компанијата не мора да ја објаснува својата одлука на вработените, ако не им се допаѓа може да си дадат оставка. На крајот, не праша за нашето мислење како да не беше свесна што работи.

他媽的我還可以有甚麼意見,你是老闆,你說了算,但她居然還說我像是不認同公司立場,我是打工,但不是你的走狗,無須甚麼屁都要與公司同一立場吧!你有權禁止你認為有損害公司在內地生意利益的東西刊出,你有權炒我,我有權不做,但是你不必像文字獄般逐隻字審查我那一字有煽動成份,這裡是香港,不是大陸,而且即使這份專題寫著我名字去大陸派我也不信有人要捉我去打把,別弄得像是我們犯了殺頭般的大罪似的。

Какво мислење можеме да имаме. Ти си шефот и што ќе кажеш мора да се изврши. Потоа таа со прстот покажа кон мене велејќи дека изгледам како да не се согласувам со гледиштето на компанијата. Јас сум работник, не сум ваш потрчко, зошто морам да се сложувам со се што ќе направи компанијата. Вие го имате правото/моќта да го забраните изданието поради интересите на компанијата, имате право и да ме отпуштите, јас го имам правото да дадам отказ, но нема потреба да извршите литерарна инквизиција, цензурирање и обележување на секој збор велејќи ни дека се подбуцнување. Ова е Хонгконг, не Кина. Се осмелив да го дистрибуирам ова посебно издание под мое име, во срцето на Кина без страв дека ќе ме осудат на смрт. Како можете да направите да изгледаме како криминалци кои извршиле најтежок вид на криминал.

撫心自問,是次六四專題的文字圖片內容,不算處理得特別出色,當中也沒有甚或驚天動地的內幕要爆,但是我不憤。

Да бидеме искрени, написите и фотографиите од ова специјално издание и не се посебни/неверојатни и немаме ништо ново да и покажеме на јавноста. Но јас сум фрустрирана.

好可怕。我原本覺得壹傳媒偏激,但我發現,原來香港剩下願意咆哮聲音的,或許只有它了。

Ова е премногу застрашувачко. Порано сметав дека медиумската група Next беше еднострана. Сега откривам дека најверојатно е единствената медиумска група во Хонгконг која се осмелува да направи врева.

好可怕。原來沒有人抹殺香港的新聞和言論自由,是我們的媒體集團為利益甘願放棄。

Ова е премногу застрашувачко. Нема никој кој може да ни ги одземе слободното новинарство, нашата медиумска корпорација е таа која се откажува од него поради комерцијални интереси.

好可怕。從前覺得內地用強硬的手段,又捉又打又軟禁的,控制人們的言行,好可怕,之後感覺近年好像好了點,到奧運時又好像再好了一點。但現在,我發現,原來軟霸權更可怕,中國強大了,他們不必再用任 physically 的手法打壓人們,只要不讓你回國經商,那麼想賺錢的人們便會乖乖收聲。我感覺如此情況還將繼續發展,中國好野!

Ова е премногу застрашувачко. Во минатото сметав дека на континентот Кина, тие строго ги констролираат мислите и говорот, преку физичка казна и заканување. Но во последните години, за време на Олимпијадата, работите изгледаа подобри. Но, сега откривам дека меката моќ е уште пострашна. Кина сега е силна, тие немаат потреба сега да применуваат физички средства за да ги заплашат луѓето, едноставно можат да ти ја затворат вратата на твојот бизнис. Тие што сакаат да заработат пари ќе бидат автоматски замолчени. Ваквата ситуација сигурно ќе продолжи, Кина е голема!

2009年5月26日,《君子雜誌》的 143 至 156 頁被他們抽走了,但他們不能在日曆上抽了六月四日。感謝歷史讓我們看清商人的真貌。

На 26 Мај 2009, Esquire ги извади страниците 143-156, но не можеа да го извадат 4 јуни од календарот. И благодариме на историјата што ни овозможува да ја разбереме природата на нашиот работен човек.

Медиумска групација на јужна Кина
Во медиумската групација на јужна Кина спаѓаат бројни магазини како што се: Jessica, marie claire, HIM, Esquire, CarPlus, Xp weekly, 3 weekly, Capital Weekly, Capital Money, Capital, Capital CEO, Capital Entrepreneur и SC kid.
Медиумска групација на јужна Кина е огранок на South China Holding Limited, која е инвестициски холдинг компанија со ограноци инволвирани во инвестици, финансиски сервиси, медиуми и производство на чевли, играчки и микро мотори.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.