БИСА: Израел мора да одбере

Осудите летаат од лево, десно, а и од центарот по израелскиот напад на флотата водена од Турција, упатена кон Газа за да достави хуманитарна помош и да ја скрши блокадата на палестинската енклава.

На Tвитер, Квин Нур Ал Хусеин на Јордан (Queen Noor Al Hussein of Jordan) твита:

Време е Израелците да изберат меѓу живот во изолирана и осудена земја која го отфрла меѓународното и хуманитарното право или да се посвети на иднината во мир.

Султанот Ал Касеми на ОАР  забележува со тешкотија:

O, видете, дури и суданскиот диктатор ги осудува нападите на израелскиот ѓаволски апартхејд. Сега се видов. #jumpingonthebandwagon

И Маријам, исто така од ОАР, се уште бара реакција од Обединетите Нации за нападот:

Барам реакции од Бан Ки Мун за #freedomflotilla (ослободете ја флотата). Последна објавена вест: Бан Ки Мун ги охрабрува жените да престанат со пушењето.

Во првиот од серијата твитови на кралицата на Јордан, Ранија вели:

Шокирана сум од убивањата на цивили во меѓународни води #FreedomFlotilla. Скршена сум од храброста и жртвувањето на оние луѓе на палубата во името на правдата.

Таа,vпотоа, додава:

Секој брод кој се обидува да ја премине блокадата е брод на надежта за луѓето во  #Газа.

И неколку причини зошто:

#FreedomFlotilla Факт бр.1: ЗДРАВЈЕ – 95% од водата во Газа е под стандардите на СЗО, изложувајќи илјадници новороденчиња на ризик од труења. PLZ RT! (извор)

#FreedomFlotilla Факт бр.2: Едукација – 1/3 од училиштата беа уништени за време на нападите на Газа во 2009; тие се уште не се изградени. PLZ RT! (извор)

#FreedomFlotilla Факт бр.3: СИРОМАШТИЈА – 80% од народот во Газа живеат под границата на сиромаштијата; 95% од приватните бизниси се затворени. PLZ RT! (извор)

#FreedomFlotilla Факт бр.4: ХРАНА – Две третини од луѓето во Газа не знаат од каде ќе им дојде нивниот нареден оброк. PLZ RT! (извор)

Еѓипќанецот Абделрахман беше брз во одговорот на кралицата:

@QueenRania روحى صحى جوزك قوليله قوم اسحب السفير يا منيل #FreedomFlotilla
@QueenRania Оди разбуди го сопругот и кажи му да го избрка амбасадорот (израелскиот)

Во Египет, Амира Хаувејди забележува:

Ве молам, престанете да ја споредувате израелската армија со сомалиските пирати! Ова ги навредува пиратите кои не убиле никого #flotilla #gaza

Во меѓувреме, бахреинскиот државен министер за надворешни работи д-р Назар Ал Бахрана твита:

Ние ја следиме состојбата преку нашиот и палестинскиот амбасадор во Јордан и МНР на Јордан да ги следи Бахреинците на бродовите од конвојот

И бахреинскиот министер за надворешни работи шеикот Каид Ал Калифа  извести денеска:

Бахреинските затвореници само што се пуштени … Tие се во Јордан, на пат кон дома

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.