Никарагва: Твитник и проширување на блогосферата

Возбудувањето за Твитер пристигна и во Никарагва и токму поради тоа се појави сајт наречен Твитник [es]. Веб сајтот ги следи сите фидови на Твитер од корисниците кои живеат во Никарагва. Заедницата беше идеја на @jorgecerda и @ajulloa. Твитер корисникот @penalba им помага, но повеќе на „психолошко“ ниво, а @gandulo е оној кој го дизајнираше и изработи веб сајтот користејќи Вордпрес.

Лого на заеднизата на Твитник

Ново лого, кое е изгласано и одбрано од членовите на заедницата

Исто така неколку нови и интересни профили се креирани, како на пример @ajuloa, која ја презеде иницијативата да ги комбинира RSS фидовите на локалните весници и веб форуми со цел да ги претвори во Твитер фидови: @elnuevodiario, @laprensa и @bacanalnica; но само Ел Нуево Диарио работи бидејќи RSS фидовите на Ла Пренса и Баканалника не се компатибилни со Твитер, а никој не ја знае причината зошто.

Нови (или во појавување) блогови

Notas de una nica [es] (Забелешки од Ника) е блог на Јаозка Тијерино Кантон. На него Јаозка пишува за вистинскиот живот во Манагва, за политиката, лажните директори на кината, музика и користењето на домашната валута.

Дали некогаш сте забележале дека секогаш кога ќе отидете во ресторант, продавница, па дури и аптека, дека цените се изразени во долари? Интересно е тоа што не плаќаат во домашната валута, Корбодас, но ние плаќаме се во долари.

¿Y ahora de que vamos a hablar? [es] (¿И за што ќе зборуваме?) е блог на Нарен Мајорга. Блогот ги покрива политичките прашања, музиката од 80тите, „откачени“ супкултури, е-трговија и фишинг во локалните банки, старите песни на Пол Мекартни и известува од прва рака за последниот штрајк на транспортот.

Поминувајќи низ улиците на Манагва, не забележав ништо невообичаено. Немаше ниту долги колони од коли поради блокадата, ниту големи групи кои треба да се насочуваат. Можеби е моја перспектива, но мислам дека протестите се надвор од градот. Имам камера во мојата кола доколку видам нешто… да видиме како ќе искочи ова.

1 коментар

  • […] македонски: Возбудувањето за Твитер пристигна и во Никарагва и токму поради тоа се појави сајт наречен Твитник [es]. Веб сајтот ги следи сите фидови на Твитер од корисниците кои живеат во Никарагва. Заедницата беше идеја на @jorgecerda и @ajulloa. Твитер корисникот @penalba им помага, но повеќе на „психолошко“ ниво, а @gandulo е оној кој го дизајнираше и изработи веб сајтот користејќи Вордпрес. […]

Приклучи и се на дискусијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.